Прејди на содржината

Србија и Црна Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од СРЈ)
Сојузна Република Југославија (1992–2003)
Савезна Република Југославија
Savezna Republika Jugoslavija
Државна Заедница Србија и Црна Гора (2003–2006)
Државна Заједница Србија и Црна Гора
Državna zajednica Srbija i Crna Gora
1992–2006
Химна: Hej, Sloveni
Еј, Словени
Location of Србија и Црна Гора
Главен градБелградa
Говорени јазициСрпскохрватски (1992–1997)
Српски (1997–2006)
УредувањеФедерална република (1992–2003)
Државна унија (2003–2006)
Претседател 
• 1992–1993
Добрица Ќосиќ
• 1993–1997
Зоран Лилиќ
• 1997–2000
Слободан Милошевиќ
• 2000–2003
Воислав Коштуница
• 2003–2006
Светозар Маровиќ
Премиер 
• 1992–1993
Милан Паниќ
• 1993–1998
Радое Контиќ
• 1998–2000
Момир Булатовиќ
• 2000–2001
Зоран Жижиќ
• 2001–2003
Драгиша Пешиќ
• 2003–2006
Светозар Маровиќ
Историски периодПост–Студената војна
• Устав
27 април 1992
• Основана
28 април 1992
1 ноември 2000
4 февруари 2003
• Расформирање
3 јуни 2006
Површина
2006102.350 km2 (39,520 sq mi)
Население
• 2006
10.832.545
ВалутаСрбија
 • Југословенски динар (1992–2003)
 • Српски динар (2003–2006)
Црна Гора и поголемиот дел од Косовоc
 • Југословенски динар (1992–1999)
 • Германска марка (1999–2002)
 • Евро (2002–2006)
Повикувачки број381
Internet TLD.yu
Претходници
Наследници
Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Србија
Црна Гора
Денес дел од Црна Гора
 Србија
 Косовоd
  1. ^ По 2003, ниеден град официјално бил главен град, но законодавните и извршните институции останале во Белград. Подгорица била седиште на Врховниот суд.
  2. ^ Членство како Сојузна Република Југославија; ISO 3166-1 = CS; UTC offset = +1.
  3. ^ Де факто валути користени во Црна Гора и Косово.
  4. ^ Делумно призната држава.

Србија и Црна Гора (или скратено СЦГ) е поранешна федерална држава составена од Србија и Црна Гора настаната во 2003 со преминот на Југославија (остатокот од неа во текот на ’90-те) во лабава конфедерација. Србија и Црна Гора била сместена во западно-централниот дел на Балканскиот Полуостров, северно од Република Македонија. Државата се распаѓа на 3 јуни 2006 година како резултат на исходот од референдумот за независност на Црна Гора (објавен на 21 мај 2006).

Политика

[уреди | уреди извор]

Политиката на конфедерацијата СЦГ била подобрување и зацврстување на односите помеѓу Србија, Црна Гора и Косово. Очаен обид да се заборави минатото и војните во него, и малтретирањето на Албанците на Косово. Националистот Слободан Милошевиќ кој долго владееше со СР Југославија и беше еден од виновниците за Граѓанската Војна во БиХ и бомбардирањето над Србија од страна на НАТО, атентатот над премиерот Зоран Ѓинѓиќ и други работи кои ја одбележуваа СРЈ како држава во хаос, им всадија помисла дека со промената на името од Југославија во Србија и Црна Гора ќе ги промени работите. И тоа беше вистина, СЦГ почна полека но сигурно да напредува, толеранцијата помеѓу нејзините жители се зголемуваше и национализмот веќе беше минато, но не за долго. На 21 мај 2006 Црна Гора прогласи независност, и со тоа престана постоењето на СЦГ, а подоцнежните случувања во Србија ќе доведат до повторно издигнување на национализмот и меѓуетничката нетрпеливост, враќајќи го Балканот во 20 век.

Причини за настанокот

[уреди | уреди извор]

Сојузна Република Југославија, беше држава создадена на 27 април 1992 година, со одлука на Собранието на СФРЈ.[1] Кога е основана, Обединетите Нации и некои поедини држави, особено САД, не сакаа да ја признаат како наследничка на СФРЈ, и покрај тоа што ја признаа како држава. СРЈ не беше членка на ООН сè до 2000. година, кога стана членка, после Петтооктомвриските промени, веднаш нејзиното постоење беше доведено во прашање. Црногорскиот режим уште од порано се однесуваше како автономен (воведување на полициска контрола на границата со Србија, одбивање да прифати вонредна и воена состојба на својата територија во текот на НАТО нападите над СРЈ во 1999 година), но сега ќе побара независност, со евентуално преуредување на федерацијата во сојуз на две независни меѓународно признати републики. Со овие потези сосема ќе се елиминира Слободан Милошевиќ, кој подоцна ќе биде испратен на судење во Хаг, каде и ќе почине. Конечно ќе биде направена новата држава, конфедерација, за разлика од СРЈ која беше федерација, која во наредниот период ќе ја чека едно мирно и стабилно време, со етнички разлики и нетрпеливост сведени на минимум, но не за долго.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „Устав на Сојузна Република Југославија (1992)“. Занемарен непознатиот параметар |јазик= (help)