Прејди на содржината

Умри машки

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Умри машки“ (англиски: Die Hard) — американски филм од 1988 година, во режија на Џон Мектирнан. Главните улоги ги играат: Брус Вилис, Алан Рикман и Бони Беделија. Ова е првиот филм од истоимениот серијал.[1]

Синпосис

[уреди | уреди извор]

Њујоршкиот полицаец Џон Меклејн (го игра Вилис) оди во Лос Анџелес за да го помине божиќните празници, заедно со сопругата Холи (ја игра Беделија), која работи во фирмата „Накатоми“. За време на забавата, во зградата на фирмата упаѓа група терористи, предводена до Ханс Грубер (го игра Рикман) и сите учесници на забавата ги зема како заложници, освен Џон. Бидејќи не може да излезе од зградата, а полицијата не знае што се случува, Џон мора да ги преземе работите во своите раце и да се обиде да ги спаси заложниците...

Осврт кон филмот

[уреди | уреди извор]

Филмот се одликува со неколку паралелни дејствија, со беспрекорна точност во сценариото, со внимателно разработени детаљи и со прецизна режисерска изведба. Тој претставува калсика на акциониот филм, поради што бил зачуван во Библиотеката на американскиот Конгрес како „културолошки, историски и естетски значајно дело“.[2]

  1. РТС, Умри мушки (пристапено на 18.10.2025)
  2. Ѓорѓи Јаневски, „Умри машки“, Економија и бизнис, година 20, број 243, октомври 2018, стр. 102-103.