До победата и по неа (филм)
„До победата и по неа“ | |
---|---|
Режисер | Живорад Митровиќ |
Сценарист | Симон Дракул |
Главни улоги | Петре Прличко Драги Костовски Ристо Шишков Илија Милчин Киро Винокиќ Предраг Дишљенковиќ Рада Петрова Мери Бошкова Дарко Дамески Драгомир Фелба Вукан Диневски Нада Гешоска Панче Камџик Тодор Николовски |
Жанр | воен, историски |
Музика | Миљенко Прохаска |
Дистрибутер | Вардар филм |
Премиера | 1966 |
Времетраење | 106 мин. |
Земја | СР Македонија |
Јазик | македонски |
До победата и по неа e македонски игран филм од 1966 година, снимен по сценариото на Симон Дракул, а во режија на Живорад Митровиќ. Снимател бил Мишо Самоиловски, а музиката ја компонирал Миљенко Прохаска.
Кратка содржина
[уреди | уреди извор]Последниот ден од окупацијата жителите на едно мало македонско гратче се сведоци на уште еден крвав чин на окупаторот - стрелање на 12 родољуби, предадени од соработник на окупаторот. И во овој случај, како и повеќепати пред тоа, предавникот останува непознат за неговите сограѓани. Веќе утредента, партизаните влегуваат во градот. Населението учествува во правењето барикади и го оневозможува повлекувањето на непријателот. Заробен е бугарскиот мајор со неговите соработници. Комесарот на одредот дознава дека меѓу стреланите е и неговиот син, непосредно пред тоа испратен во градот, со задача да го открие соработникот на окупаторот. Комесарот стоички ја прима веста за загубата. Тој не му дозволува на народот одмазда врз крвниците. Меѓу заробените, на денот на ослободувањето, по барање на народот се наоѓаат и оние што, според јавното мислење, соработувале или пак имале каква било врска со окупаторот. Сите тие, следени од долга колона сограѓани, тргнуваат на пат до соседното место каде што Народниот суд треба да им суди за злоделата. На овој пат стануваат јасни одредени судбини и групата на обвинетите се намалува. Случајот прави да се открие и виновникот за многубројните провали во партиската организација. По патот, по кратка престрелка, партизаните заробуваат група германски војници. Пристигнуваат на железничката станица каде им е крајот на патот. Пристигнува возот. Додека партизаните полни со оптимизам заминуваат, покрај пругата остануваат нивните придружници и патот кој повторно мораат да го минат.
Награди
[уреди | уреди извор]Во 1966 година, на Филмскиот фестивал во Пула, филмот бил награден со „Златна арена“ за најдобро сценарио (Симон Дракул).[1]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival 56, стр. 72-73.
- Македонски филмови за периодот од Втората светска војна
- Југословенски филмови
- Филмови од 1966 година
- Филмови на македонски јазик
- Македонски филмови
- Филмови на Жика Митровиќ
- Филмови со Александар Гавриќ
- Филмови со Димитар Ќостаров
- Филмови со Драган Оцокољиќ
- Филмови со Драги Костовски
- Филмови со Јанез Врховец
- Филмови со Илија Милчин
- Филмови со Милан Срдоч
- Филмови со Мери Бошкова
- Филмови со Милена Дравиќ
- Филмови со Петре Прличко
- Филмови со Ристо Шишков