Нада Гешоска
Изглед
| Нада Гешоска | |
|---|---|
| Роден(а) | 24 мај 1930
Прилеп, Вардарска Бановина, Кралство Југославија |
| Починал(а) | 6 јануари 2003 (возр. 72) Скопје, Македонија |
| Националност | Македонка |
| Занимање | драмска и филмска глумица |
| Активен период | 1951 - 2003 |
| Сопружник | Димитар Гешоски |
Нада Гешоска (24 мај 1930 во Прилеп — 6 јануари 2003 во Скопје) — македонска драмска и филмска глумица.[1]
Филмографија
[уреди | уреди извор]| Година | Филм | Улога |
| 1964 | Под исто небо ТВ-филм | Крстевица |
| 1966 | До победата и по неа ТВ-филм | |
| 1967 | Домот на татко ти ТВ-филм | |
| 1967 | Мементо ТВ-филм | Мајката на Јана |
| 1968 | Планината на гневот ТВ-филм | Невена |
| 1969 | Време без војна ТВ-филм | Фронецица |
| 1970 | Вујковиот сон ТВ-филм | |
| 1970 | Цената на градот ТВ-филм | Стапица 1 |
| 1971 | Жед ТВ-филм | |
| 1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | Паца |
| 1971 | Пречек ТВ-филм | Мајката |
| 1972 | Табакерата ТВ-филм | Мајката на Сулејман-бег |
| 1974 | Средба ТВ-филм | Дафина |
| 1975 | Јад ТВ-филм | Хрисија |
| 1975-1976 | Патот кон иднината ТВ-серија | |
| 1977 | Вапцаров ТВ-филм | |
| 1980 | Оловна бригада ТВ-филм | |
| 1981 | Самотија ТВ-филм | Трпана |
| 1981 | Првите цутови ТВ-серија | Бабата |
| 1982 | Илинден ТВ-серија | Баба Мара |
| 1984 | Белото циганче ТВ-серија | |
| 1984 | Камчевци ТВ-серија | |
| 1984 | Лет во место ТВ-филм | Султана |
| 1986 | Состојба пред инфаркт ТВ-филм | |
| 1987 | Трето доба ТВ-филм | |
| 1988 | За сега без добар наслов ТВ-филм | Пекарка |
| 1989 | Кога меракот пее ТВ-серија | |
| 1990 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
| 1992 | Време, живот ТВ-филм | Вера |
| 1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
| 1997 | Преку езерото ТВ-филм | Евдокија |
| 2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | |
| 2000-2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | Бабата |
| 2002 | Наше маало ТВ-серија |
Животопис
[уреди | уреди извор]Кариерата ја започнала во Народниот театар во Прилеп во 1951 година. Била член на Драмата на МНТ во период од 1958 до 1964 година, а потоа се приклучила на Драмскиот театар во Скопје (1964-1984). Остварила повеќе значајни улоги во дела од домашни и странски автори.
Позната е по нејзините улоги како Магда во „Пат во злостор“, Елена Андреевна во „Вујко Вања“, Маша во „Галеб“, Мајката во „Крвава свадба“, Хекуба во „Тројанки“, Меланија во „Егор Буличов“ и други. Таа заедно со глумиците: Мери Бошкова, Милица Стојанова и Љупка Џундева се смета за една од најпознатите и најангажирани актерки и бардови на македонското глумиште.
Награди
[уреди | уреди извор]- Награда „13 Ноември“ (1967)
- Награда за актерско остварување за улогата на ликот Султана во претставата „Лет во место“ на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1982)
- Награда „11 Октомври“ (1982)
- Награда „Златна колајна“ на Фестивалот за монодрама и пантомима - Земун, за монодрамата „Учителката“ (1985)
- Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (1996)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Гиева“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 355. Text "series " ignored (help)