Павле Вуисиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Павле Вуисиќ
Павле Вуисић
Вуисиќ на српска поштенска марка од 2013 година.
Роден(а)10 јули 1926(1926-07-10)
Цетиње, Кралство СХС
Починал(а)1 октомври 1988(1988-10-01) (возр. 62)
Белград, СР Србија, СФРЈ
Националностсрпска
Занимањеглумец
СопружникМирјана
Барелјеф на Павле Вуисиќ на надгробната плоча.
Фотографија од Павле Вуисиќ непосредно пред смртта
Гробница на Павле Вуисиќ на Новите гробишта во Белград.
Павле Вуисиќ на поштенска марка од 2013 годинеа

Павле Вуисиќ (роден како Вујисиќ;[1] Цетиње, 10 јули 1926Белград, 1 октомври 1988) –југословенски и српски глумец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Павле Вуисиќ е на 10 јули 1926 година.[2] Бил учесник во борбите на Сремскиот фронт. Живеел во Белград со сопругата Мирјана.[3] Неговиот помлад брат Душан Вујисиќ, исто така, бил глумец.

Студирал право и сè до почетокот на 1950-тите се пробувал во новинарството (Радио Белград). Неполна сезона глумел во панчевачкиот театар, истовремено статирал во филмот „Чудотворен меч“ (1950) на Воја Нановиќ и безуспешно се обидувал да се запише на Белградската академија.

Починал на 1 октомври 1988 година од карцином. Погребан е на Новите гробишта во Белград.[2]

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

Вуисиќ глумел во голем број филмови и во телевизиски серии, иако немал формално глумечко образование. Филмската кариера ја почнал во 1950 година во филмот „Чудотворен меч“ на Воја Нановиќ. Набрзо потоа ја добил главната улога во филмот на Наниќ, „Три чекори во празно“ (1958) и за неа ја добил наградата „Златна арена“ на Филмскиоит фестивал во Пула.

Веќе од 1957 година, почнал соработка со бројни режисери, играјќи разновидни улоги:

Глумел во повеќе телевизиски серии (Сервисна станица, Повеќе од игра), а Камионџии му донеле посебна популарност.

Завештание на Мирјана и Павле Вуисиќ[уреди | уреди извор]

Сопругата на Павле, Мирјана Вуисиќ, е член-основач и член на управниот одбор на Здружението за култура, уметност и меѓународна соработак „Адлигат”. Во 2016 година во Адлигат го формирала завештанието на Мирјана и Павле Вуисиќ. Во завештанието има голем број лични предмети на глумецот, бројни ракописи, скици, фотографии, дневник на брачниот пар, сценариото кое Павле го напишал за детски филм, приказна за разговорот на крапот и други книжевни дела, легитимации, цртежи, предмети од филмови во кои глумел, како и оригиналниот негов тестамент.

Завештанието е достапно за јавноста во рамките на Музејот на српската книжевност на Бањица во Белград.

Филмографија[уреди | уреди извор]

1950 1960 1970 1980 Вкупно
Долгометражен филм 15 44 39 31 129
ТВ-филм 1 1 9 3 14
ТВ-серија 0 1 12 4 17
ТВ-мини серија 0 0 2 4 6
ТВ-краток филм 0 0 3 2 5
Краток филм 1 1 2 2 6
Вкупно 17 47 66 45 177
Година Филм Улога
1950 Чудотворен меч Витез
1950 Зборува Москва
1953 Невера Морнар
1953 Циганка Гута
1955 Шолаја Бубало
1956 Потрага Службеник во полиција
1957 Зеница Рајко
1957 Во сабота навечер Редар
1958 Рафал в небо Коста
1958 Четири километра на саат Газда на кафаната
1958 Три чекори во празно Лаѓарот Обрад
1958 Таа ноќ Драгиша
1958 Случај во трамвај (ТВ)
1958 Погон Б Мане Каракас
1959 Кампо Мамула Милиќ
1959 Осма врата Жандарм
1959 Сам Шарац
1960-е
1960 Капетан Леши Црноберзијанец
1960 Подобро е да се умее Мане Каракас
1960 Другарот претседател центарфор Радиша
1960 Кота 905 Павле тенџерето
1961 Не гибај во среќата Инструктор
1961 Нема мали богови Директор
1961 Парче сино небо Чеда
1961 Голема турнеја Крста
1962 Степа Кузмичов
1962 Чудна девојка Професор
1962 Мачор под шлем Илија Капара
1962 Свиреж во осум Директор
1963 Десантот на Дрвар Васина
1963 Двоен обрач Марко
1964 Машки излет Никола Келнер
1964 Народен пратеник Секулиќ
1964 Прометеј од островот Вишевица Шјор Жане
1964 Осамнување Илија
1964 Вител Стојан
1965 Фунта од штедната книшка
1965 Да се дојде и остане Милета
1965 Гласам за љубов поп
1965 Горок дел од реката рибар
1965 Инспектор шеф на сметководство
1965 Непријател
1966 По Коњух Планина Ќутливиот
1966 Понеделник или вторник
1966 Сретни умиру двапут Радован, четник
1966 Време на љубов
1967 Боксерите одат во рајот Свети Петар
1967 Бомба во 10 и 10 Шпион
1967 Летови кои се памтат Далматинецот Мате
1967 Будење на стаорците Кормилар
1967 Дим Габен
1967 Немирни|
1967 Македонска крвава свадба Поп Дамјан
1968 Братот на докторот Хомер Атанас, водач на бандата
1968 Рамка за сликата на мојата драга Ускок
1968 Сонцето на туѓото небо Рајко Ѓоковиќ „Курјак“
1968 Да не се споменува причината за смртта Столар
1969 Битката на Неретва Шофер Јордан
1969 Случка Дедо Јура
1969 Хороскоп Таткот на Видак
1969 Кога ќе ги чуеш камбаните Гара
1969 Мојата страна на светот
1969 Заседа Домаќин
1970-е
1970 Бабино лето
1970 Убава парада Шинтер
1970 Жарок Обрад
1970 Животот е масовна појава Маестро
1971 Ден подолг од година
1971 Македонскиот дел од пеколот Јосиф Џо
1971 Појадок со ѓаволот Димитрије
1971 Мојата луда глава капетан
1971 Облог Мелничарот Видоје
1971 Жед Трендафил (Вујче од Америка)
1971 Филм Маки
1972 Мајсторот и Маргарита Азазело, слуга на Сатаната
1972 Воен талент Љуба, директор на филмот
1972 Траги на црната девојка Паја
1972 Валтер го брани Сараево Отправник на возови
1972 Шеширот на професорот Коста Вујиќ Професорот Коста Вујиќ
1973 Павилјон број шест (ТВ) Чуварот Никита
1973 Нашите приредби (ТВ-серија)
1973 Соседи (ТВ) Каменорезецот Дача
1973 Камионџии Павле Паја Чутура
1973 Паја и Јаре Павле Паја Чутура
1973 Слуга Воденичар
1973 Размеѓи Пајо
1974 Отпишаните Јоца
1974 Валтер го брани Сараево (ТВ-серија) Отправник на возови
1974 Партизани (ТВ-серија)
1974 Партизани
1974 Потомок (ТВ-кратки филм)
1975 Враќање на крадецот (ТВ-филм)
1975 Песна (ТВ-серија) Дача
1975 Награда на годината
1975 Доктор Младен Радован Тадиќ
1975 Наивко газда Веља
1975 Сељанска буна 1573 Фрањо Тахи
1976 Поробувачи Симо
1976 Чуварот на плажа во зимски период Буда
1976 Враќање на отпишаните Поштарот Јоца
1976 Салашот во Мали Рит Паја
1976 Повеќе од игра
1977 Ѕверови Пијанистот
1977 Повеќе од игра Александар Ќопиќ-Лека Банкрот Лажго
1977 Хајка Филип Бекиќ
1977 Пеперуткин облак Таткото на Крцко
1977 Кучето кое ги сакаше возовите Стрикото
1978 Мило за драго Таткото на Марков
1978 Павилјон VI Никита
1978 Последниот подвиг на диверзантот Облак Облак
1978 Тигар Тренерот на Тигар
1978 Миг Љуба „Кврга“
1978 Е не
1978 Отпишаните ТВ-филм Поштарот Јоца
1978 Враќање на отпишаните ТВ-серија Поштарот Јоца
1979 Другаришта Ќале
1979]] Пеколен остров Бартул
1979 Анно домини 1573 ТВ серија Фрањо Тахи
1979 Последната трка Микош
1979 Преку синото море шјор Фране
1980-е
1980 Оловна бригада
1980 Дуња
1980 Ајдук Газда Урошевиќ
1980 Кој тоа таму пее Кондуктерот Крстиќ
1980 Мајстори, мајстори Домар
1980 Венецот на Петрија Кафеџија
1980 Посебен третман Таткото на директорот
1981 Берлин капут Обрен Јакшиќ
1981 Газија Папаз, Поп
1981 Војници Јокаш, пријател на таткото на Миша
1981 Животот пишува романи но нема кој д аги чита Остоја
1981 Лаф во срцето Ѕидар
1981 Шеста брзина Психијатар
1981 Се сеќаваш ли се Доли Бел? Вујкото (дајџа)
1981 Сок од сливи Љуба
1981 Приказни од работилница проф. Психијатар
1982 13 јули Периша Благотин
1982 Далечно небо Мате Рогуљ
1982 Одиме понатаму Драгиша
1982 Маратонците го трчаат почесниот круг Милутин
1982 Поп Киро и поп Спиро Поп Олуја
1982 Мирисот на дуњите Јозо
1982 Венеријанска раја господинот Вулевиќ
1982 Неделен ручек другарот Јерковиќ
1982 Самрак Пашко
1983 Учител (ТВ-серија) Драгиша
1983 Ало такси Чистач на чевли
1983 Меден месец Лаза
1983 Мртвите не се враќаат (мини-серија)
1984 Камионџиите пак возат Павле Паја Чутура
1984 За покојникот се најубаво Вук Лукиќ
1984 Како се калеше народот од Горни Јауковец Вук
1984 Камионџиите повторно возат Павле Паја Чутура
1984 Ран снег во Минхен Таткото
1984 Војници Пријател на таткото на Мишо
1985 Јазол Машиновозач
1985 Ајдучки гај (ТВ-серија) Мартин, мелничар
1985 Дебелиот и мршавиот Јован Купусиќ
1985 Татко на службен пат Дедото на Малик
1985 Животот е убав Газдата на кафеаната Крушчиќ
1986 Од злато јаболко Страхиња
1987 Дневник горчина вукобрана

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јутарњи лист. „Све моје бурне године с Пајом“. Архивирано од изворникот на 25. 12. 2015. Посетено на 24. 12. 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help) (хрватски)
  2. 2,0 2,1 Павле Вуисић Архивирано на 20 септември 2016 г., Посетено на 18. априла 2011.
  3. Отворен тајни сеф Пајине животне авантуре, Блиц, 16. јуни 2009 (пристапено на 18 април 2011).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]