Прејди на содржината

Ацо Јовановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ацо Јовановски
Роден 31 декември 1930
Скопје, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 18 март 2016(2016-03-18) (возр. 85)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Фросина
Мирно лето
Црно семе
Македонскиот дел од пеколот
Црвениот коњ
Заборавени
Оловна бригада
Жед
Најдолгиот пат
Погрешно време
Болва в' уво
Занимање глумец
Сопружник Славица Јовановска
Роднини Јана Стојановска (внука)
Ана Стојановска (внука)
Ненад Стојановски (зет)
Деца Силвија Стојановска

Александар „Ацо“ Јовановски, наречен и Ацо Снагата (31 декември 1930 во Скопје - 18 март 2016 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, еден од легендите на македонската драмска сцена. Ацо Јовановски припаѓа на првата генерација на дипломирани глумци. Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави и филмови. Како глумец учествувал во различни жанрови како комедии, историски драми и филмови со современа тематика.

Филмската кариера ја започнал со улогата во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година. Ацо Јовановски има добиено многу награди: за животно дело, за улоги и еден орден за труд. Тој е единствениот македонски глумец, кој заедно со Петре Прличко, ја има добиено Наградата „Славица“.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ацо Јовановски е роден на 31 декември 1930 година во Скопје, во т.н. Циган Маало. Детството, младоста, школувањето и комплетната работа ги поминал во Скопје. Татко му бил чиновник, а мајка му домаќинка. Неговото семејство се состоело од шест браќа и сестри. Со големо залагање на неговиот татко успеал да ги одгледа сите. Како дете бил палав. Во детските години тој заедно со своите другари се криеле од родителите и оделе на плажа на Вардар. Тој многу сакал да оди на претстави но тогаш настапила Втората светска војна. Во 1941 година во периодот на војната, Бугарите основале ансамбал од познати бугарски уметници. Тоа било втор ансамбал по квалитет во Царство Бугарија.

По војната, во 1944/45 година, бил создаден Македонскиот народен театар, кој бил многу посетуван од народот како и од Ацо, бидејќи било зборувано на македонски. За тоа Ацо вели: „Одевме со големо задоволство да гледаме претстави, конечно на својот мајчин јазик“. Тогаш за првпат ги сретнал Петре Прличко, Тодор Николовски, Илија Милчин, Марија Бошкова и Илија Џувалековски.

Во 1948 година излегол конкурс за глумечка школа каде во конкуренција од околу 40-50 луѓе, бил избран Ацо Јовановски. Во овој период Јовановски го започнал своето тригодишно школување. Во последната година од глумачката школа бил ангажиран во првиот македонски филм „Фросина“. По земјотресот во 1963 година, Ацо Јовановски заминал во МНТ каде се задржал 13 години, каде станува еден од најдобрите македонски глумци. До идењето во пензија во 1995 година има одиграно околу 100 премиери во театарот и околу 40 премиери на филм.(1)

Глумечки дејности

[уреди | уреди извор]

За првпат Ацо Јовановски се појавува во филмот „Фросина“ каде го игра главниот машки лик Климе, синот на Фросина. Во претставата „Долго патување во ноќта“, го игра Едмонд, во „Пепелашка“ го игра главниот лик Принцот, Турчинот во „Манде“, но најважната улога за Ацо е Трепљов во атесата „Галеб“ на Чехов. Оваа се само дел од глумечките дејности на Ацо Јовановски кој во својот глумечки живот има одиграно околу 100 премиери во театарот и околу 40 премиери на филм.(1)

Улоги на Ацо Јовановски:

  • Долго патување во ноќта - Едмонд
  • Пепелашка - Принцот
  • Манде - Турчинот
  • Галеб - Трепљов
  • Болва в'уво - Шандемис
  • Дон Жаун - Дол Луј

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Ацо Јовановски во својата кариера има одиграно над 60 улоги во следните филмови и серии:

Филмографија на глумецот Ацо Јовановски
Год.НазивУлога

|- style="background: Lavender; text-align:center; "

1950-ти
1952Фросина ТВ-филмКлиме
1955Волчја ноќ ТВ-филм/
1959Виза на злото ТВ-филмЦветко
1960-ти
1961Мирно лето ТВ-филмКрле „Снагата”
1962Крст Ракоц ТВ-филм/
1965Денови на искушение ТВ-филмЧовек на железничката станца
1967Македонска крвава свадба ТВ-филм/
1968Планина на гневот ТВ-филмВладимир
1969Време без војна ТВ-филмИљуш
1969Сеништа ТВ филмОсвалд
1969Враќање од рајот ТВ филмНенад
1969Бамја ТВ филм/
1970-ти
1970Цената на градот ТВ-филмНајдо
1970Мојсие од малото место ТВ филм/
1970Коктел за четворица ТВ филм/
1971Жед ТВ-филмМарко
1971Црно семе ТВ-филмХристос
1971Македонски дел од пеколот ТВ-филмКоста
1971Понижени и навредени ТВ филм/
1972Настан можеби последен ТВ филм/
1973Недела ТВ филм/
1975Волшебното самарче ТВ серија/
1975Јад ТВ-филм/
1975Селска буна 1573 ТВ-филмТатко на Петар
1975Светецот од Слатина ТВ филм/
1975Картотека ТВ филм/
1976Најдолгиот пат ТВ-филмТрипун
1976Војвода Спиро Црне ТВ филм/
1976Морава 76 ТВ мини серија/
1977Најдолгиот пат ТВ серијаТрипун
1977Сослушувањето на железничарот ТВ филмТрпе
1979Анно домини 1573 ТВ серијаПетров отац
1980-ти
1980Учителот ТВ филмГлигор Прличев
1980Оловна бригада ТВ-филмСило
1981Црвениот коњ ТВ-филмСабрија
1982Илинден ТВ серијаДимо
1982Јагне на ражен ТВ филмВојдан
1983Записник ТВ филм/
1983Црвениот коњ ТВ серија/
1984Јуначко колено ТВ серијаЈанаки Карев
1984Случки од животот ТВ-серија
1985На наш начин ТВ серијаКиро
1985Сомнително лице ТВ филмАлекса
1985Пријатели ТВ филм/
1985Јазол ТВ-филмАвгуст Рицман
1986Обеќана земја ТВ-филмКолонист (како Александар Јовановски)
1987Трето доба ТВ серија/
1987Претежно ведро ТВ серија/
1987Хај-фај ТВ-филмПроф. по танц
1988Скопски сновиденија ТВ-филм
1989Мугра ТВ филмКино-операторот
1989Еурека ТВ серијапроф. Кохињ
1990-ти
1990Трст виа Скопје ТВ серија/
1991Болва в' уво ТВ-филмШандемис
1992Време, живот ТВ-филм/
1992Сили во воздухот ТВ филмТошо
1993Македонска сага ТВ-филм/
1994Пред дождот ТВ-филм
1995Ангели на отпад ТВ-филмДиректорот
1995Заборавени ТВ филмПретседателот
1998Салон Хармони ТВ серијаИлија
1998На Балканот не се пие чај ТВ филм/
1999Време, живот ТВ-филм
2000-ти
2000Глас Краток филм/
2000 2001Погрешно време ТВ серијаСпасе
2006Стрмоглави ТВ филмСтариот на Ико
2010-ти
2013Старо купуем ТВ-филмДедото
  • 1971 ФФАО, Ниш, награда за епизодна улога / „Црно семе“
  • 1971 ФФАО, Ниш, награда за глумечко остварување / „Жед“
  • 1977 Награда „11 Октомври“
  • 1977 Уметник на годината, според анкетата на „Екран
  • 1986 ФФАО, Ниш, Награда „Славица“ за животно дело

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]