Вукосава Донева - Варколи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вукосава Донева - Варколи
Родена 22 февруари 1935
Струмица,  Кралство Југославија
Починала 7 јуни 2016
Сиднеј, Австралија Австралија
Занимање глумица, поетеса, преведувач и професорка

Вукосава Донева - Варколи (Струмица, 22 февруари 1935 - Сиднеј, Австралија, 7 јуни 2016) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица[1], поетеса, преведувач и професорка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Донева е роден на 22 февруари 1935 госина. По завршувањето на Филолошкиот факултет, група Литература и македонски јазик, таа се вработила во радио драмата на радио Скопје (1953-1957), а од 1957 до 1988 година, работела во Македонскиот народен театар, каде што играла многу главни улоги. Била и ангажирана на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како предавач по сценски говор (1970-1976). Во текот на театарскиот живот реализирала значаен број ликови од најразличен жанр, а за улогата на Хеда Габлер е добитник на наградата „13 Ноември“ во 1976 година. Реализирала седум самостојни проекти, поезија и монодрамата „Велика“, со кои настапувала во Македонија и во повеќе земји. Донева играла во повеќе македонски филмови: „Мирно лето“( 1961),Македонска крвава свадба“(1967), „Мементо“(1967), „Време без војна“(1969),„Македонски дел од пеколот“(1971) и „Хај-фај“(1987), во којшто ја играла главната женска улога. Таа од 1988 година живее во Австралија. Во овој период таа интензивно пишувала и ги објавувила стихозбирките за возрасни: „Куќи за продавање и молитва“(2000), „Чаша вода за океанот“(2001), „И не како вејка на ветрот “(2003) и „Ткаење черга“(2011) .

Вукосава Донева Варколи, беше член на литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и член на Друштвото на писателите на Македонија. Со својата поезија е застапена во антологиските изданија: „Бескрајно место“(1998), „Пламен во срцето“( 1999), „Спомените на милениумот“( 1999), „Коти на копнеж и страст“(2003). Исто така е застапена со поезија во американската антологија „Балади на нашите животи“(2005). За своето огромно творештво, како и за доброволното инволвирање во македонската заедница во Сиднеј и во Австралија, таа ја добила и најголемата Награда за животно дело „Македонско сонце“, што ја доделува Македонскиот Телефонски именик за НЈВ-Австралија. Починала во Сиднеј на 7 јуни 2016 година.[2]

Филмографија[3][уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vukosava Doneva IMDb
  2. Почина глумицата Вукосава Донева-Варколи. Архивирано од изворникот на 2016-09-10. Посетено на 2016-06-08.
  3. Донева Вукосава