Радмила Савичевиќ, Неда Арнериќ и Реља Башиќ на Филмски средби во Ниш 1984 година. Во позадина е Љубиша Самарџиќ
Неда Арнериќ дебитира на филм на 13 годишна возраст. Во текот на филмската кариера реализира голем број улоги како во југословенски, така и во копродукциски филмови.
Добитник е на Сребрена арена на Филмскиот фестивал во Пула во 1977 година за улогата во филмот „Исправи се, Делфина“. За истиот филм на режисерот Александар Ѓурчинов е наградена и со Наградата „Царица Теодора“ во Ниш[2],[3].