Емилија Андреева
Емилија Андреева | ||
Роден | 18 јули 1955 Прилеп, НР Македонија, ФНРЈ | |
---|---|---|
Починал | 29 јуни 2023 (возр. 67) Скопје, Македонија | |
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Занимање | глумица |
Емилија Андреева (Прилеп, 18 јули 1955 - Скопје, 29 јуни 2023) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Животопис[уреди | уреди извор]
Емилија Андреева е родена на 18 јули 1955 година во Прилеп. Дипломирала на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за драмски глумци, во 1977 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 1979 година до 2022 година до нејзиното пензионирање.[1]
Театрографија[уреди | уреди извор]
- Валерија — „Лов на диви пајки“ од Александар Вампилов, р. Александар Дунаев, МНТ, 1979;
- Љубената — „Обесеник“ од Борислав Пекиќ, р. Владимир Милчин, МНТ, 1979;
- „Вечер на Лундиквист“ од Артур Лундиквист, р. Чедо Камџијаш, МНТ, 1979;
- Малтескињата Лезли — „Кенгурски скок“ од Живко Чинго, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1979;
- Невестата, Гирланда — „Кандид“ од Волтер, р. Владимир Милчин, МНТ, 1980;
- „По претставата“ од Николај Василевич Гогољ, р. Бранко Ставерев, МНТ, 1981;
- „Остен“ од Бранко Ставрев, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1981;
- Јевросима — „Војна и мир во Груда“ од Вељко Радовиќ, р. Благота Ераковиќ, МНТ, 1981;
- Емилија — „Габи“ од Бранко Варошлија, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1982;
- Ходел — „Свирач на покрив“ од Џери Бок, р. Владо Штефанчиќ, МНТ, 1983;
- Саша — „Иванов“ од Антон Павлович Чехов, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1984;
- Евгенија Занданска — „Mazedonische Zustände“ од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 1984;
- Трендафила — „Рамна земја“ од Ташко Георгиевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1985;
- Рипката — „Гуштерица“ од Александар Володин, р. Евгениј Лазаров, МНТ, 1986;
- Другарка на Антица — „Антица“ од Ристо Крле, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1988;
- Нина Заречка — „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1990;
- Госпоѓицата Лујза — „Посета на старата дама“ од Фридрих Диренмат, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1990;
- „Стилски вежби“ од Рејмон Кено, р. Нелко Нелковски, МНТ, 2008;
- Монодрама "Незавршената приказна", МКЦ, 2009;
- „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010.
Филмографија[уреди | уреди извор]
- „Исправи се, Делфина“, р. Александар Ѓурчинов, 1977;
- „Томе од бензинската пумпа“, р. Јане Петковски, ТВ-филм, 1979;
- „Оловна бригада“, р. Кирил Ценевски, 1980;
- Евдокија — „Време, води“, р. Бранко Гапо, 1980;
- "Јазол", р. Кирил Цаневски, ТВ-филм, 1985,
- „Цвеќе на карпата“, р. Благој Андреев, ТВ-филм, 1989,
- "Време, живот, р. Иван Митевски, ТВ-филм, 1992,
- "Седумка, љубов или смрт" р. Коле Ангеловски, ТВ-филм, 2009.
- Телевизиски серии
- „Курирот на Гоце Делчев“, 1979,
- "Првите цутови", 1981,
- "Опстанок", 1991.
Награди[уреди | уреди извор]
- Награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад глумец на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 1984;
- Награда на ревијата „Екран“ за најдобар млад глумец за улогата на Евгенија Занданска во претставата „Mazedonische Zustände“, 1984.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Емилија Андреева Архивирано на 23 декември 2019 г.“. Македонски народен театар.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Емилија Андреева на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Биографија на Емилија Андреева, Македонски народен театар.