Благоја Чоревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Благоја Чоревски
Благоја чоревски.jpg
Роден 9 септември 1947
Велес, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улога во:
Пресуда
Викенд на мртовци
Време, води
Занимање глумец
режисер
политичар
Татко Трајко Чоревски
Мајка Ратка Чоревска
Роднини Борис Чоревски (брат)

Благоја Чоревски (Велес, 9 септември 1947) — македонски глумец и режисер, општественик и државник. Тој е син на доајенот на македонското глумиште Трајко Чоревски и глумицата Ратка Чоревска[1]. Неговиот брат Борис Чоревски е познат битолски глумец[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Чоревски е роден во Велес на 9 септември 1947 година. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година. Член на Драмскиот театар од 1971 година. Бил директор на Драмскиот театар од 1983 до 1998 година, заменик-министер за култура во Владата на Македонија 1998 до 2001, како претставник на ДА и претседател на Советот на град Скопје, каде бил разрешен на 21 јануари 2008[2]. Бил член и висок функционер во Демократската алтернатива, за подоцна да премине во Демократскиот сојуз[3].

Филмографија[уреди | уреди извор]

Настапувал во неформални театарски проекти, на естрадата, на филм и на ТВ.

Година Филм Улога
1969 Волшебниот воз ТВ-филм
1972 Табакерата ТВ-филм Сулејман бег
1973 Новогодишен карусел ТВ-филм
1975 Сребрено јаболко ТВ-филм
1975 Илинка ТВ-филм
1975-1976 Патот кон иднината ТВ-серија
1977 Итар Пејо ТВ-серија Толе
1977 Големата соба ТВ-филм
1977 Исправи се, Делфина
1977 Пресуда Командант
1980 Време, води
1982 Илинден ТВ-серија Сулејман
1983 Кога тетин Клименте шеташе низ градот ТВ-филм Клименте
1984 Лет во место ТВ-филм Евто
1985 Ајде да се дружиме ТВ-серија
1987 Театарче Лево ќоше ТВ-серија
1987 Пикасо ТВ-филм
1987 Случки од животот ТВ-серија
1988 Чук чук Стојанче ТВ-серија
1988 Викенд на мртовци Кирца
1990 До-ре-ми ТВ-серија Васе
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Маргус
1991 Тетовирање Батко доктор
1991 Во кафулето кај Гане ТВ-филм
1992 Чернодрински се враќа дома ТВ-филм
1996 Самоуништување Славчо
1998 Салон Хармони ТВ-серија Богдан
1988-1990 Еурека ТВ-серија Кардинал Балермино
2003 Битолски лакрдии ТВ-серија
2004 Хихирику ТВ-серија
2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм Бержерак
2009 Ветар низ тополите ТВ-серија
2009 Балкан Бенд ТВ-серија Благојка
2009-2017 Хихирику ТВ-серија
2016 Вистинска љубов ТВ-филм Васо Пинго
2016 Операција Дијамант ТВ-серија Мистер Џон
2016-2020 Преспав ТВ-серија Генади
2017 Фамилија Марковски ТВ-филм Извршителот
2018 Ругање со Христос ТВ-филм Анести
2019 Врба ТВ-филм Манчо
2020 Дајте музика ТВ-серија Дедо Баже
2021 Кино Љубов ТВ-филм
2022 Лена и Владимир ТВ-филм Ацо
2022 Кајмак ТВ-филм Мишко

Награди[уреди | уреди извор]

Чоревски е добитник е на голем број на награди, како во поранешен СФРЈ, така и во Македонија:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Кон 50-годишнината од смртта на истакнатиот македонски филмски и театарски глумец Трајко Чоревски (1921-1955 )“. Утрински Весник. 2005. Посетено на 2011-01-09.
  2. „Благој Чоревски -ЧЛЕН НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ“. Град Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2009-11-19.
  3. „Благоја Чоревски премина во Демократскиот сојуз“. Утрински Весник. 23 април 2008. Посетено на 2009-11-19.
  4. „„Златна маска" за Соња Михајлова и Благоја Чоревски“. Утрински Весник. 21 август 2007. Посетено на 2009-11-19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]