Дајте музика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дајте музика
Жанрдрама, музика
Создадена одЦаци Паковска
УлогиКристина Мукаетова
Филип Поповски
Анастасија Џабирски
Тео Манев
Јован Дукмеџиев
Саша Димитриевска
Миха Гигов
Земја на потеклоМакедонија Македонија
Првичен јазикмакедонски
Бр. на сезони3
Бр. на епизоди90
Продукција
Продуцент(и)Марко Ѓоковиќ
МестоположбаСкопје
Прикажување
Првична мрежаМРТ
Првпат прикажана воДајте музика 1: 2019
Дајте музика 2: 2020
Дајте музика 3: 2021
Првично прикажување2019-2022

Дајте музика — македонска играна ТВ серија за деца, чие дејствие е инспирирано од музика, забава, дружење и детски интриги.

Серијата првпат била снимана во периодот од 1993-1995 година и постигнала голема слава како кај детската популација така и кај возрасните.[1] По цели 23 години, серијата одново започнала со снимање во вид на римејк на оригиналната серија снимена во 1990-тите години,[2] а од крајот на 2019 година се прикажува на Македонската телевизија.[3]

Улогите во новото издание на Дајте музика ги толкуваат: Кристина Мукаетова, Филип Поповски, Анастасија Џабирски, Тео Манев, Јован Дукмеџиев, Саша Димитриевска, Миха Гигов и други.

Улоги[уреди | уреди извор]

Дајте музика 1 (2019-денес)[уреди | уреди извор]

Извор

Глумец Улога
Кристина Мукаетова Кики
Филип Поповски Филип
Анастасија Џабирски Наташа
Тео Манева Тео
Јован Дукмеџиев Јован
Саша Димитриевска Саша
Миха Гигов Миха
Малин Гигов Иван
Кјара Атанасова Јулија
Нина Симјановска Тија
Борис Караѓоргов Бојан
Бојан Бурчев Боно
Снежана Конеска Руси Снешка
Ѓокица Лукаревски Мајстор Ѓоко
Стојна Костовска Тетка Ленче
Благоја Чоревски Дедо Баже
Марија Новак Тетка Ана
Нино Леви Полицаецот Ванчо
Душица Стојановска Секретарка
Ефтим Трајчов Ѓаурски Агент
Катерина Шехтанска Мајката на Јован
Александар Микиќ Бездомник
Гораст Цветковски Таткото на Боно
Камка Тоциновски Мајката на Иван
Васил Зафирчев Креаторот

Настапот на Детската Евровизија[уреди | уреди извор]

Dajte Muzika mk jesc2021.jpg

Во октомври 2021 година, Јавниот радиодифузен сервис МРТ решил да го искористи правото на интерна селекција и избор на претстaвник на Детската Евровизија, а изборот паднал токму на децата од мегапопуларниот детски телевизиски серијал „Дајте музика“.[4] Согласно со правилата на сцената се нашле само четири од децата, две момчиња Филип Поповски и Миха Гигов и две девојчиња Кристина Мукаетова и Анастасија Џабирски.[5] На Детската Евровизија 2021 во Париз, тие настапиле со песната Green Forces (текст: Робин Зимбаков, музика: Роберт Билбилов) и го освоиле 9-тото место со 114 бодови.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Татјана Гогоска: Во минатото децата растеа со „Дајте Музика", а денес растат со турски серии - тоа создава лоши генерации“. skopjeinfo.mk. 26 август 2017. Занемарен непознатиот параметар |acess-date= (help)
  2. „https://deca.mk/podobro-da-pominete-samo-30-kvalitetni-minuti-so-detsata-otkolku-da-gi-ignorirate-tsel-den/“. deca.mk. 27 август 2019. Посетено на 15 јануари 2022. Надворешна врска во |title= (help)
  3. „Нова сезона на „Дајте музика" на МРТ“. novamakedonija.com.mk. 11 јуни 2020. Посетено на 15 јануари 2022.
  4. „Другарите од „Дајте музика" ќе нè претставуваат на детскиот Евросонг“. fashionel.mk. 13 октомври 2021. Занемарен непознатиот параметар |acces-date= (help)
  5. 5,0 5,1 „Dajte Muzika - Paris 2021“. junioreurovision.tv. Посетено на 15 јануари 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]