Преспав (телевизиска серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Преспав
Преспав - ТВ серија.jpeg
Жанркомедија
Создадена одЕлеонора Венинова
Пеце Талески
Напишана одЕлеонора Венинова
Сашо Кокаланов
Венко Андоновски
Димитар Банов
УлогиВладо Јовановски
Јелена Јованова
Тијана Дапчевиќ
Игор Ангелов
Игор Стојчевски
Васил Зафирчев
Горан Стојановски
Игор Џамбазов
Дритон Вејсели
Адриан Азири
Јана Маринова
Тематски композиторМите Димовски
Земја на потеклоМакедонија Македонија
Првичен јазикмакедонски
германски
хрватски
бугарски
Бр. на сезони3
Бр. на епизоди80 (+1)
Продукција
Продуцент(и)Пеце Талески
МестоположбаПреспа
Прикажување
Првична мрежаТелма
Телевизија 24
МРТ 1
Првпат прикажана во31 октомври 2016
Првично прикажување2016 – ...

Преспав — македонска сит-ком серија во режија на Игор Иванов Изи.

Серијата ја прикажува семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во преспанскиот регион, благодарение на средствата добиени од ЕУ фондови. Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Република Македонија во кои се прекршува балканскиот менталитет, од кој ликовите не можат да избегаат и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи. Секоја епизода има нова тема, нов проблем, нов конфликт, нова разрешница и многу доживувања и смеа. [1]

Актерска екипа[уреди | уреди извор]

Актер Улога
Владо Јовановски

Игор Џамбазов

Миле Бузалевски
Јелена Јованова Јелена
Тијана Дапчевиќ Ула Бринкман Бузалевска
Игор Ангелов Коста Бузалевски
Игор Стојчевски Тони Бузалевски
Васил Зафирчев Марио
Горан Стојановски Инспектор Томе Глобоски
Адријан Азири Наим
Дритон Вејсели Талат Зибери
Јана Маринова Преслава Каменова

Епизоди[уреди | уреди извор]

Сезона 1 (2016-17)[уреди | уреди извор]

Првите петнаесет епизоди од првата сезона на ТВ серијата „Преспав“ се емитуваа секој работен ден во 20:40 часот на ТВ Телма. За време на изборниот период се емитуваше по една епизода неделно. Овие дисперзирани епизоди, почнувајќи од 16 епизода - „Противкандидати“ па до 18 епизода - „Дуел“ се емитуваа со поднаслов „Преспавполитичка програма“. Со 19 епизода - „Позитивна Нула“, серијата се врати на стариот распоред, емитувајќи нови епизоди секој работен ден во 20:40 часот.

Првата сезона започна со емитување на 31 октомври 2016, а заврши на 11 јануари 2017.

Број на епизода

(во серијата)

Број на епизода

(во сезоната)

Епизода Сценарио Режија Датум
1 1 Преспаф Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 31 октомври 2016
2 2 Технички прием Елеонора Венинова Елеонора Венинова 1 ноември 2016
3 3 Мени Сашо Кокаланов Вардан Тозија 2 ноември 2016
4 4 ЕУ контрола Сашо Кокаланов Вардан Тозија 3 ноември 2016
5 5 Јаболко на раздорот Венко Андоновски и Сашо Кокаланов Даријан Пејовски 4 ноември 2016
6 6 Свечено отворање Елеонора Венинова Елеонора Венинова 7 ноември 2016
7 7 Оџак Венко Андоновски и Сашо Кокаланов Даријан Пејовски 8 ноември 2016
8 8 Ебола Елеонора Венинова Елеонора Венинова 9 ноември 2016
9 9 Ракијада Сашо Кокаланов Вардан Тозија 10 ноември 2016
10 10 Бегалци Сашо Кокаланов Вардан Тозија 11 ноември 2016
11 11 Гатачка Венко Андоновски и Сашо Кокаланов Даријан Пејовски 14 ноември 2016
12 12 Рација Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 15 ноември 2016
13 13 Синдикат Елеонора Венинова Елеонора Венинова 16 ноември 2016
14 14 Тапија Венко Андоновски и Сашо Кокаланов Даријан Пејовски 17 ноември 2016
15 15 Опасни врски Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Елеонора Венинова 18 ноември 2016
16 16 Противкандидати Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 26 ноември 2016
17 17 Наградна игра Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 3 декември 2016
18 18 Дуел Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 10 декември 2016
19 19 Позитивна Нула Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 12 декември 2016
20 20 Вегетеријанско ќофте Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 13 декември 2016
21 21 Мачка и глушец Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 14 декември 2016
22 22 Риба за Гинис Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 15 декември 2016
23 23 Последен ден Елеонора Венинова Вардан Тозија 16 декември 2016
24 24 Рецепционер Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Елеонора Венинова 19 декември 2016
25 25 Сигурен кец Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Елеонора Венинова 20 декември 2016
26 26 Пансион Ал Капоне Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Елеонора Венинова 21 декември 2016
27 27 Артефакт Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 22 декември 2016
28 28 Селфи Димитар Банов Игор Иванов 23 декември 2016
29 29 Тест за бременост Елеонора Венинова Игор Иванов 26 декември 2016
30 30 Ерсте либе Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 27 декември 2016
31 31 Маду Пурнима Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 28 декември 2016
32 32 Гробно место Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 29 декември 2016
33 33 Јеховини сведоци Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Даријан Пејовски 2 јануари 2017
34 34 Концерт Димитар Банов Даријан Пејовски 3 јануари 2017
35 35 Гости од Бангладеш Елеонора Венинова Елеонора Венинова 4 јануари 2017
36 36 Инвеститор Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 5 јануари 2017
37 37 Пишман аџија Елеонора Венинова Елеонора Венинова 6 јануари 2017
38 38 Нов дуп за Дупени Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 9 јануари 2017
39 39 Братски работи Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 10 јануари 2017
40 40 Машки муабети Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Елеонора Венинова 11 јануари 2017

Сезона 2 (2017-18)[уреди | уреди извор]

Втората сезона од ТВ серијата „Преспав“ се емитуваше на Телевизија 24 секој вторник и среда во 19:00 и 22:30 часот.

Во оваа сезона, акторот Владо Јовановски е заменет од страна на Игор Џамбазов во улогата на Миле, а на актерксата екипа ѝ се приклучува и Дритон Вејсели во улогата на Талат.

Втората сезона започна со емитување на 26 декември 2017, а заврши на 28 февруари 2018.

Број на епизода

(во серијата)

Број на епизода

(во сезоната)

Епизода Сценарио Режија Датум
41 1 Преси - езерското чудовиште Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 26 декември 2017
42 2 Македонска нафта Сашо Кокаланов Игор Иванов 27 декември 2017
43 3 Лихвари Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 2 јануари 2018
44 4 Инспекторка Ленка Александра Миланова Игор Иванов 3 јануари 2018
45 5 Креативен центар Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 9 јануари 2018
46 6 Легранд Елеонора Венинова Даријан Пејовски 10 јануари 2018
47 7 Тајфун Сашо Кокаланов Игор Иванов 16 јануари 2018
48 8 Поткуп Елеонора Венинова Даријан Пејовски 17 јануари 2018
49 9 Близнак Сашо Кокаланов Игор Иванов 23 јануари 2018
50 10 Романтичен викенд Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 24 јануари 2018
51 11 Извршител Елеонора Венинова Игор Иванов 30 јануари 2018
52 12 Крвна одмазда Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 31 јануари 2018
53 13 Ловна сезона Елеонора Венинова Елеонора Венинова 6 февруари 2018
54 14 Стојна се враќа дома Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 7 февруари 2018
55 15 Веслав Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Елеонора Венинова 13 февруари 2018
56 16 Стрико од Америка Елеонора Венинова Даријан Пејовски 14 февруари 2018
57 17 Спор за името Сашо Кокаланов Даријан Пејовски 20 февруари 2018
58 18 Нудистички ресорт Алек Попов и Дељана Манева Даријан Пејовски 21 февруари 2018
59 19 Караоке Елеонора Венинова Игор Иванов 27 февруари 2018
60 20 Збогум Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 28 февруари 2018

Сезона 3 (2018-2019)[уреди | уреди извор]

Третата сезона од ТВ серијата „Преспав“ се емитуваше на МРТ 1 секој работен ден во 20:15 часот.

На актерската екипа ѝ се приклучи и Јана Маринова во улогата на новата газдарица од Бугарија, Преслава.

Третата сезона започна со емитување на 17 декември 2018, а заврши на 11 јануари 2019.

Во оваа сезона беше вклучена и посебна тричасовна, новогдишна епизода што излезе на 31 декември 2018.

Заклучно со оваа сезона, „Преспав“ стана првата македонска серија со 80 епизоди.

Број на епизода

(во серијата)

Број на епизода

(во сезоната)

Епизода Сценарио Режија Датум
61 1 Нов газда Сашо Кокаланов Игор Иванов 17 декември 2018
62 2 Живот се враќа во Преспав Сашо Кокаланов и Елеонора Венинова Вардан Тозија 18 декември 2018
63 3 Духот на Гоце Дељана Манева и Алек Попов Вардан Тозија 19 декември 2018
64 4 Борчот е жив Сашо Кокаланов Вардан Тозија 20 декември 2018
65 5 Егзорцист Алек Попов и Дељана Манева Вардан Тозија 21 декември 2018
66 6 Селски туризам Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 24 декември 2018
67 7 ДНК анализа Сашо Кокаланов Игор Иванов 25 декември 2018
68 8 Дива коприва Елеонора Венинова Игор Иванов 26 декември 2018
69 9 Две дами Бојан Трифуновски и Сашо Кокаланов Игор Иванов 27 декември 2018
70 10 Бугарски ќебапи Бојан Трифуновски и Сашо Кокаланов Дина Дума 28 декември 2018
- - Новогодишна прослава Сашо Кокаланов Игор Иванов и Дина Дума 31 декември 2018
71 11 Грне Елеонора Венинова Вардан Тозија 1 јануари 2019
72 12 Богатството на Миле војвода Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 2 јануари 2019
73 13 Неочекуван гостин Елеонора Венинова Вардан Тозија 3 јануари 2019
74 14 Доста време ерген одев Александра Миланова Вардан Тозија 4 јануари 2019
75 15 Транзит Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 5 јануари 2019
76 16 Тоалетна хартија Сашо Кокаланов Игор Иванов 7 јануари 2019
77 17 Ромска убавица Алек Попов и Дељана Манева Дина Дума 8 јануари 2019
78 18 Конгрес Елеонора Венинова Вардан Тозија 9 јануари 2019
79 19 Штрајк Елеонора Венинова Игор Иванов 10 јануари 2019
80 20 Ослободување на Преспав Сашо Кокаланов Игор Иванов 11 јануари 2019

Продукција[уреди | уреди извор]

ТВ серијата „Преспав“ е во продукција на ОХО, а се реализира со поддршка на Европската Унија и компанијата Витаминка.[2][3]

Продуцент на серијата е Пеце Талески, режијата е на Игор Иванов. Режисери на епизоди се: Игор Иванов, Вардан Тозија, Елеонора Венинова и Даријан Пејовски. Сценаријата се на: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Венко Андоновски и Димитар Банов. Директор на фотографија е Наум Доксевски, а монтажер е Сашко Потер Мицевски. Музиката е на Мите Димовски, студио Тралала. [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]