Самоуништување (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Самоуништување)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Самоуништување“
РежисерЕрбил Алтанај
ПродуцентЈовица Михајловски
СценаристСашко Насев
НастапуваатЈовица Михајловски
Катерина Коцевска
Благоја Чоревски
Оливер Митковски
Времетраење115 мин.
ДржаваМакедонија Македонија
ЈазикМакедонски

Самоуништување е македонски игран филм од 1996 година. Режиран е од Ербил Алтанај, по сценарио на Сашко Насев, а како продуцент и во главната улога се јавува Јовица Михајловски.

Улоги[уреди | уреди извор]

Актер Улога
Јовица Михајловски Кумплунг (Јован)
Катерина Коцевска Стојна
Благоја Чоревски Славчо (Цацко)
Оливер Митковски Цоле
Јелена Мијатовиќ Шила
Тони Михајловски Црни (уличен ограбувач)
Силвана Ерац Вилма
Валентина Божиновска Роза

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Филмот „Саомуништување“ е урбана трагикомедија чија тема е распаѓањето на семејството, кризата на поединецот врзана со духот на времето во кое се случува дејството, иако пред сè, тоа е семејна морална драма која може да се смести и во кое било време и место, а во случајов се одвива во едно скопско предградие, и се случува сега. Тоа е приказна за Куплунг, таксист, човек без морални предрасуди, силеџија и љубовџија, човек што ги почитува само своите страсти. Тој кон сопругата Стојна, работничка во фабрика, се однесува како кон сопственост, па таа ропски послушна ги исполнува неговите барања и го поднесува неговото грубо и просто однесување.

Цоле, неговиот син студент, е малтретиран од својот татко кој кон него не чувствува ниту татковска љубов ниту обврска. Единствена слабост Куплунг покажува кон неговата љубовница Шила, кафеанска пеачка, која се мажи за полицискиот инспектор, брат на Стојна. Само тогаш Куплунг е исфрлен од шемата по која живее и веднаш бара нов сексуален објект. Жртва станува девојката на неговиот син, Вилма, наивна и приглупа девојка која по силувањето станува негова љубовница. Од оваа тајна врска таа останува бремена. Цоле, при една брутална сцена на насилство на Куплунг врз Стојна, го напаѓа таткото кој потоа останува инвалид врзан за количка. Цоле се жени за Вилма, таа раѓа син, а Стојна и понатаму ропски ја поднесува судбината обременета со нови тешкотии.