Трајко Чоревски
Трајко Чоревски | ||
Роден | 22 февруари 1921 Велес | |
---|---|---|
Починал | 12 април 1955 Битола | |
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Волчја ноќ | |
Занимање | глумец | |
Сопружник | Ратка Чоревска | |
Деца | Благоја Чоревски (син) Борис Чоревски (син) |
Трајко Чоревски (роден во Велес, на 22 февруари 1921 – починат во Битола, на 12 април 1955)[1][2] – македонски филмски и театарски глумец, член на Битолскиот народен театар од 1952 година до неговата прерана смрт.[3]
Глумец со огромен фонд на изразни можности, кој во играта внесувал многу љубов и поетска возвишеност.
Животопис[уреди | уреди извор]
Трајко Чоревски е роден во Велес во 1921 година. Пред Втората светска војна членувал во театарските дружини на Петре Прличко и Димче Трајковски. Чоревски бил еден од основоположниците на Македонскиот народен театар во 1945 година каде само за шест сезони одиграл 26 драмски ликови. По 1951 година кариерата ја продолжил во народните театри во Велес и Штип, а од 1952 година, до неговата прерана смрт во 1955 година бил член на Народниот театар од Битола
Творештво[уреди | уреди извор]
Во својот краток глумечки живот остварил повеќе забележителни театарски и една филмска улога.
Поважни театарски улоги[3][уреди | уреди извор]
Година | Улога | Претстава | Автор |
1948 | Алтернација | Бегалка | Васил Иљоски |
1950 | Алтернација | Волци и овци | Н.А. Островски |
1951 | Нил | Малограѓани | Максим Горки |
1952 | Крис | Сите мои синови | Артур Милер |
1953 | Марко | Без третпат | Милан Беговиќ |
1953 | Јерко | Луѓе без вид | Јосип Кулунџиќ |
1954 | Митке | Коштана | Борисав Станковиќ |
Филмографија[уреди | уреди извор]
Година | Филм | Улога |
1952 | Фросина ТВ-филм | |
1955 | Волчја ноќ ТВ-филм | Стане |
Награди и признанија[3][уреди | уреди извор]
- Награда на Владата на НРМ (1951)
- Неговото име го носи наградата за најдобар млад глумец на МТФ „Војдан Чернодрински“
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1629. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ Трајко Чоревски на мрежното место на ИМДб
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Значајни личности за Битола, 2007
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Трајко Чоревски на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|