Борис Чоревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 15 септември 1949
Скопје
Националност Македонец
Занимање глумец
Татко Трајко Чоревски
Мајка Ратка Чоревска
Роднини Благоја Чоревски (брат)

Борис Чоревски (роден во Скопје, 15 септември 1949)[1] – македонски филмски и театарски глумец, член на Битолскиот народен театар од 1975 година.[2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Борис Чоревски бил роден во Скопје на 15 септември 1949 година. Основно и средно образование завршил во Битола, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за актерска игра. На сцената на Народниот театар од Битола настапувал од раната младост, статирајќи и играјќи епизодни улоги. Како младинец ја освоил наградата за најдобра машка улога за ликот на Хенри во претставата „Незакопани мртовци“ од Жан Пол Сартр на Сојузниот натпревар на аматерите од поранешна СФР Југославија во Хвар. По дипломирањето во 1975 година се вработил во Народниот театар во Битола каде остварил преку 100 улоги. Како гостин настапувал во театрите во Прилеп, Штип, и Струмица.

Творештво[уреди | уреди извор]

Во својот актерски живот остварил повеќе од 100 театарски улоги, како и редица филмски улоги.

Поважни театарски улоги[2][уреди | уреди извор]

Година Улога Претстава Автор
1976 Вук Јелена Ќетковиќ Александар Поповиќ
1978 Ѓока Сомнително лице Бранислав Нушиќ
1978 Никола Карев Окрвавен камен Васил Иљоски
1978 Даскалот Суд Коле Чашуле
1983 Малвоилио Ноќ спроти Водици Вилијам Шекспир
1984 Киро Лет во место Горан Стефановски
1986 Версилов Младич Достоевски
1986 Осман-бег Македонска крвава свадба Војдан Чернодрински
1997 Ајгеј Медеја Еврипид
1997 Дон Жуан Дон Жуан се враќа дома Еден фон Хорват
1998 Владимир Чекајќи го Годо Семјуел Бекет
1998 Таткото Мачка на вжештениот покрив Тенеси Вилијамс
2001 Трајко попот Црквичето 40 маченици Владимир Костов
2003 Капулети Ромео и Јулија Вилијам Шекспир

Филмографија[1][уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм /
1975 Јад /
1976 Најдолгиот пат Сеиз
1979 Жена од малтер ТВ-филм /
1980 Учителот ТВ-филм /
1981 Црвениот коњ /
1982 Илинден ТВ-серија Миле
1982 Јавачи на ветрот ТВ-филм /
1983 Црвениот коњ ТВ-серија /
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм Сулејман-бег
1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм /
1987 Девојките на Марко ТВ-серија /
1988 Втора смена ТВ-серија Милиционерот
1994 Прекалени ТВ-серија Григор Прличев - возрасен
1995 Ангели на отпад Мино Маткалиев
2000 Големи и мали ТВ-серија Милан
2001 Македонска емиграција ТВ-филм /
2001 Прашина /
2003 Битолски лакрдии ТВ-серија /
2007 Сенки Стамат
2010 Мајки Батерија
2011 Трето па машко ТВ-серија /
2013 Тврдокорни ТВ-серија /
2016 Ослободување на Скопје Златарот
2018 Година на мајмунот Комшија 1

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]