Факултет за драмски уметности - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФДУ)
Прејди на: содржини, барај
Факултет за драмски уметности - Скопје
Вид државен
Основан 1987
Декан проф. Лазар Секуловски[1]
Место Скопје, Република Македонија

www.fdu.ukim.edu.mk

Официјалното лого на факултетот за драмски уметности

Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е основан во 1987 година како независна академска институција во рамките на универзитетот. На него се изучува продукција, режија, камера, монтажа, како и актерство.

Историја[уреди | уреди извор]

Факултетот започнал со работа на 4 ноември 1969, кога бил основан Одделот за глума при вишото музичко училиште во Скопје. Со донесувањето на законот за здружен труд од 1976 година, се појавила иницијатива за трансформација на овој оддел во факултет, додека со законот за трансформација на вишите училишта во факултети од 1979 година, десет години по основањето на одделот за глума, вишото музичко училиште прераснало во факултет за музика и драмски уметности, со два одделни и независни дела: факултет за музика, и факултет за драмски уметности. Од 1987 година, факултетот за драмски уметности функционира како независна академска институција во рамките на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Оддели[уреди | уреди извор]

Факултетот е составен од одделите за продукција, режија, драматургија, камера и монтажа, оддели што примаат нови студенти секоја четврта година, како и одделот за актерство, што прима нови студенти речиси секоја последователна година. За време на нивното четиригодишно студирање, студентите имаат можност да работат филмови на VHS, SVHS, BETA, како и на 160mm и на 35-mm филмска лента.

На факултетот биле воведени актерски класи на албански и турски јазик во учебната 1995/1996 година.

Опрема[уреди | уреди извор]

Факултетот има на располагање четири училници, четири наменски простории за сценографија, камерен театар со сцена и 120 седишта, монтажна соба, библиотека со над 4.200 книги, филмска архива со 4.500 филмови на 16-mm филмска лента и видео архива со над 1.200 видео касети, како и фотографска лабораторија, тонска и проекциона соба, кабинети на професорите и деканот, темна комора, работилница, магацини и други помошни простории.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]