Љупчо Тозија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1947
Починал 9 јануари 2018
Скопје, Македонија Македонија
Занимање режисер и амбасадор

Љупчо Тозија (роден во 1947 - Скопје, 9 јануари 2018) - македонски режисер, директор на Македонската радиотелевизија и амбасадор во Италија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тозија е роден во 1947 година. По завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб во 1974, тој речиси целиот професионален ангажман го поминал во Македонската радиотелевизија, се до 2005 кога бил поставен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Италија. Бил автор, режисер, уредник на редакции до извршувањето задачи како директор и главен и одговорен уредник на МТВ од 2002 до 2005. Потписник е на голем број снимени телевизиски емисии, театарски претстави и документарни филмови. Режисерското деби го имал во 1973 година во Драмскиот театар - Скопје со претставата „Хамлет од Долно Гаштани“. Негов брат е Горјан Тозија, познат филсми продуцент. Негова сопруга била Сабина Ајрула, познатата македонска глумица од турско потекло со кого го имаат синот Вардан, кој исто така е режисер. Починал во Скопје на 9 јануари 2018 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]