Александра Павлова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александра Павлова
Родена 9 април 1987
Скопје
Националност Македонка
Занимање глумица

Александра Павлова (р. 9 април 1987 во Скопје) — македонска глумица, која моментно работи во Драмски театар - Скопје.

Образование[уреди | уреди извор]

Основното и средното образование ги завршила во својот роден град, Скопје, додека за високото образование Павлова се преселила во Болоња, Италија, каде што студирала на драмскиот факултет на државниот Универзитет. Магистрирала во 2011 година во класата на науки за уметнички претстави (театар, филм и музика). Како стипендист на програмата Overseas, учебната 2009/10 година од своите постдипломски студии, ја поминала во САД, на Висконскиот универзитет во Медисон, на одделот за филм и мултимедијална продукција.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

По своето враќање во Македонија, Павлова е вработена во Драмскиот театар и досега има играно во претставите: Македонска крвава свадба, Архелаос или Еврипис се враќа на Балканот, Солунски Патрдии, Кавкаски круг со креда и други.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристевски, Никола (13 септември 2015). „Иднината на Македонија е во наши раце (интервју со Александра Павлова)“. Скопје: ЛОЗА. Архивирано од изворникот на 2016-03-17. Посетено на 29 февруари 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]