Мирко Стефановски
Мирко Стефановски | ||
Роден | 7 септември 1921 Скопје, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 31 октомври 1981 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | (возр. 60)|
Националност | Македонец-Југословен | |
Народност | Македонец | |
Занимање | публицист, новинар, филмски и фотографски автор | |
Сопружник | Нада Стефановска | |
Роднини | Ристо Стефановски (брат) | |
Деца | Горан Стефановски, Влатко Стефановски |
Тихомир „Мирко“ Стефановски (Скопје, 7 септември 1921 – Скопје, 31 октомври 1981) – македонски режисер и глумец.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Тихомир (роденото име на Мирко) бил роден на 7 септември 1921 година во Дебар Маало, Скопје.
Бил член на предвоениот Модерен театар (Модерно позориште), член на патувачкиот театар „Димче Трајковски“. По Втората светска војна бил раководител на културно-забавната група на 42. Македонска дивизија на НОВ. Бил еден од основачите на МНТ и член на Драмата на МНТ до 1951 година.
Во 1951 година, Стефановски станал режисер во Народниот театар во Битола каде останал до 1954 година и каде во 1952 година го добил синот Горан.
Од 1954 до 1960 година, тој работел во Народниот театар во Прилеп како режисер и директор. Во 1957 година го добил синот Влатко.
Од 1960 до 1962 година бил директор на Работничкиот дом во Скопје, а од 1962 до 1964 бил помошник-управник на МНТ. Од 1965 до крајот на својот живот бил постојан режисер во Театарот на народностите во Скопје.
Како прв македонски режисер ја поставил „Вејка на ветерот“ како прво македонско дело во Птуј, Словенија. Бил режисер на девет праизведби од македонски автори.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Стефановски Мирко“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1425. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Мирко Стефановски[мртва врска] на Macedonism