Прејди на содржината

Нада Стефановска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нада Стефановска
Родена 1927
Битола, Кралство СХС
Починала 1984(1984-00-00) (возр. 56–57)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка-Југословенка
Народност Македонка
Позната по улогата на: Петруњела во Држиќевиот „Дундо Марое
Занимање глумица
Роднини Мирко Стефановски (сопруг)
Деца Горан Стефановски (син)
Влатко Стефановски (син)

Нада Стефановска (Битола, 1927Скопје, 1984) – македонска глумица.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Нада била родена во 1927 година во Битола.

Својата глумечка кариера ја започнала многу рано во Народниот театар во Крагуевац, а ја продолжила во Народниот театар во Битола каде останала до 1955 година и каде во 1952 година го добила синот Горан.

Од 1955 до 1961 година работи во Народниот театар во Прилеп каде забележала многу плоден период. Во 1957 година, таа го добила синот Влатко.

По преселувањето во Скопје, извесно работела како член на Драмското студио на Радио Скопје.

  1. Нада Стефановска на семрежното место на Old Prilep