Влатко Стефановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Влатко Стефановски
Vlatko Stefanovski @ Dombos Fest 2011.jpg

90%
Роден 24.1.1957
Прилеп
Прекар(и) Патак
Жанр(ови) Етно
Инструментален рок
Џез-рок
Поп-рок
Поврзан(и) Леб и сол
Мирослав Тадиќ
Гитари Fender Telecaster
Gibson Les Paul
Радуловиќ гитари
Активен 1974 - досега
Веб-место Официјален веб-сајт

Влатко Стефановски (роден во Прилеп, 24 јануари 1957) - македонски рок, поп и џез музичар, основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Влатко е роден во типично театарско семејство. Неговите родители, како уметници, често патувале, па така набрзо Стефановски се преселил во Скопје, во населбата Тафталиџе. Влатко Стефановски живее со своето семејство (која ја сочинуваат сопруга Гордана, ќерката Ана и синот Јан) во Скопје, на улицата „Мексичка“, број 15, во населбата Тафталиџе. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го сместил неговото тонско студио „Езотерија“.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Леб и сол[уреди | уреди извор]

Заедно со Бодан Арсовски, Стефановски членувал во неколку скопски групи, како: ВИС „Јегуље“, „Ирис“ и „Брег“ (групата на легендарниот клавијатурист Мики Петковски). На почетокот на 1976 година Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушески и Димитар ја оформиле групата „Леб и сол“ во која Стефановски бил гитарист, пејач, композитор и текстописец. За време на дваесетгодишното постоење, групата „Леб и сол“ снимила 12 албуми, една двојна компилација, и музика за различни намени: филмски и театарски претстави, како и телевизиски серии. Како член на „Леб и сол“, Стефановски ги создал незаборавните песни: „Нисам твој“, „Таласна дужина“, „Кумова слама“, „Жива рана“, „Кантри“, „Као какао“, „Скопје“, „Чекам кишу“, „Чукни во дрво“ итн.

Соло кариера[уреди | уреди извор]

Првите соло-настапи на Стефановски започнале во почетокот на 1990-тите, а заедно со Бодан Арсовски во 1990 година го издал првиот македонски компакт-диск, со музика за рок-балетотЗодијак“. Во 1994 година, Стефановски го снимил својот прв самостоен албум, „Каубои и индијанци“, додека сè уште бил член на „Леб и сол“. Во реализацијата на овој албум учествувале многу соработници, како: Горан Бреговиќ, Златко Ориѓански, Горан Алачки, и групата „Нитјананда“. Видео-спотовите за песните на албумот („Кисело-весело“, „Кандилце“ и „Open road“) ги направиле тројца штотуку дипломирани режисери на скопскиот ФДУ: Дарко Митревски, Александар Поповски и Срѓан Јаниќијевиќ. Непосредно пред дочекот на 1995 година, албумот „Каубојци и индијанци“ ја доживеал и концертната промоција, во Универзална сала во Скопје, со учество на повеќе гости, како: Ана Костовска, Златко Ориѓански, Горан Алачки итн. На белградската промоција на албумот, на почетокот на 1995 година, учествувале и легендарниот југословенски гитарист Радомир Михаиливиќ - Точак, групата „Нитјананда“ итн. Следниот проект на Стефановски, „Сараево“, бил работен во 1993 година, за потребите на претставата на Горан Стефановски, прикажана во театарот во Антверпен, во режија на Слободан Унковски. Музиката за оваа претстава се појавила во продажба (само во форма на компакт-диск) на почетокот на 1996 година, а дел од песните биле напишани и отпеани на англиски јазик. Во текот на 1996 година Стефановски интензивно работел на музиката за филмот „Џипси меџик“, во режија на Столе Попов), а компакт-дискот се појавил во продажба во 1997 година. Притоа, носечката тема од овој проект, „Џипси сонг“, за кратко време станала голем хит на Балканскиот полуостров, а по четири години, таа била ставена на компилацијата „Џипси караван“ на продуцентската куќа „Путумајо рекордс“, заедно со цигански песни од целиот свет.
По иницијатива на првиот човек на американско-јапонска дискографска фирма „МА Рекордингс“, Тод Гарфингел, во 1997 година, во Крушево, во просторот на меморијалниот музеј, заедно со американскиот гитарист од српско потекло Мирослав Тадиќ, Стефановски го снимил албумот „Крушево“, со традиционални македонски песни, во акустичен аранжман. Овој албум бил промовиран на еден американски музички саем, а скопската промоција се случила во октомври 1998 година, во рамките на Скопскиот џез-фестивал. Истата година, во продажба излегол и првиот албум на „Триото на Влатко Стефановски“, во кое членувале и тапанарот Михаил Парушев и басистот Александар Поп Христов. Албумот, којшто за Словенија и за Хрватска го откупила и го реиздала дискографската фирма „Далас“, бил претставен на интензивна турнеја во земјите од поранешна Југославија, а подоцна следеле и настапи во многу музички центри во светот. Во 1999 година, југословенскиот актер и режисер Љубиша Самарџиќ го повикал Стефановски да ја сними музиката за неговиот филм „Небесна јадица“. Во 2000 година, Триото на Влатко Стефановски, заедно со Мирослав Тадиќ, настапувало на подрачјето на поранешната СФРЈ, а снимката од концертот во Белград, одржан на 8 октомври 1999 година, била издадена како „жив“ албум. Истовремено, дошло до перонална промена во триото: на местото на Парушев и Поп Христов дошле тапанарот Дино Милосављевиќ и бас-гитаристот Ѓоле Максимовски.
По долгите најави (а по иницијатива на продуцентските куќи „Трето уво“ од Скопје и „Аква Сторм“ од Софија), кон крајот на 2000 година, во Софија бил промовиран проектот „Balkan Horses“ во кој, покрај Стефановски, учествувале и неколку еминентни музичари од Балканот, како: Теодоси Спасов (Бугарија), Костас Теодору (Грција), Краси Желазков (Бугарија), Хакан Бешер (Турција), Емил Букур (Романија), Сања Илиќ (Југославија), Стојан Јанкулов (Бугарија) и Тамара Обровац (Хрватска). Притоа, групата „Balkan Horses Band“ одржала мала балканска турнеја во периодот 2000-2001 година, а од софискиот деби-настап бил објавен промотивен компакт-диск и една видео-касета. Пролетта 2001 година, Стефановски ја објавил компилацијата „Кино Култура“, на која се нашле најинтересните музички теми од пет филмови: „Џипси меџик“, „Небесна јадица“, „Три летни денови“, „Самоуништување“ и „Пат кон сонцето“. На почетокот на 2002 година, на покана на хрватскиот режисер Вицко Руњиќ, Влатко ја напишал музиката за неговиот втор филм „Серафин, светионичарев син“. Истата година, во текот на летниот период, тој настапувал во повеќе земји, во најразлични формации (со своето трио, со Мирослав Тадиќ, со Џибони итн.), а есента се посветил на снимањето на својот следен соло-албум. Патем, тој ја напуштил дискографската куќа „Third ear“ и потпишал за „Авалон продукција“. За оваа дискографска куќа, во 2004 година, Стефановски и Мирослав Тадиќ го снимиле албумот „Трета мајка“ на кој гостувал и бугарскиот музичар Теодосиј Спасов.[1]
На 4 април 2014 година, Стефановски одржал концерт во Универзалната сала во Скопје, на кој го промовирал албумот „Сеир“,а на концертот настапиле бројни гости, како: Бајага, Џибони, Каролина Гочева и Раде Шербеџија.[2] На 16 август 2014 година, во Хераклеја, Стефановски одржал концерт по повод 40 години од творештвото. Концертот бил дело од фестивалот „Битфест“. Два дена подоцна, на 18 август, во Куршумли ан, во Скопје, тој одржал концерт заедно со Мирослав Тадиќ.[3] На 21 март 2015 година, во „Универзалната сала“ во Скопје, Стефановски одржал концерт со Васко Атанасовски и Камерниот гудачки оркестар на словенечката филхармонија, насловен како „Fire and Ice“.[4]
Како последица на интересот на Стефановски за разни музички жанрови, тој гостувал на албумите на повеќе групи и пејачи, како: хрватската група „Филм“, Жељко Бебек, Васко Серафимовски, Оливер Мандиќ, Бојан Зулфикарпашиќ, Вања Лазарова, Владо Јаневски, Џибони (на албумите „Јуди, звири и бештимјe" и "Миракул“).
Во текот на својата долга музичка кариера Влатко Стефановски добил повеќе награди, како:

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • Cowboys & Indians (Third Ear Music, 1994.)
  • Sarajevo (Third Ear Music, 1996.)
  • Gipsy Magic (Third Ear Music, 1997.)
  • Крушево - заедно со Мирослав Тадиќ (MA Recordings, 1998.)
  • Влатко Стефановски Трио (Third Ear Music, 1998.)
  • Live in Belgrade - заедно со Мирослав Тадиќ (Third Ear Music, 2000.)
  • Кино Култура (Third Ear Music, 2001.)
  • Treta majka (Avalon, 2004)
  • Сеир (2014.)

Филмографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vlatko Stefanovski & Miroslav Tadic featuring Theodosii Spasov, Treta Majka. Avalon, 029, 2004.
  2. „Имаше предлози, ама не се гледам како политичар“, Антена, број 822, 28.3.2014, стр. 6-7.
  3. „Концерт на Влатко Стефановски во Битола и во Скопје“, Дневник, година XVIII, број 5542, петок, 15 август 2014, стр. 19.
  4. „Влатко и Словенечки гудачки оркестар“, Утрински весник, година XVI, број 4715, петок, 20 февруари 2015, стр. 21.