Гарабет Тавитјан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гарабет Тавитјан
Гарабет Тавитјан.jpg

Гарабет Тавитјан (26 април 1953 во Скопје) — македонски тапанар, по потекло од Ерменија. Тој бил најстариот член на групата Леб и сол.[1] Освен како тапанар, тој во неколку песни се појавува како вокал. Една од тие песни е „Распукала Шар Планина“. Претходно бил член на неколку други скопски групи, а подоцна е основач и на составот Парамециум во кој членуваат и неговите синови Диран и Гаро[2].

Кариера[уреди | уреди извор]

Во својата музика Гаро користи фолк мотиви обработени во нему својствени ритмички интерпретации: 5/8, 7/8, 9/8, 11/8, 13/8...а користи и импровизирани ритми. Во својата триесет и пет годишната музичка кариера има компонирано музика за балет и драмски претстави за што е повеќекратно наградуван. Една од најголемите награди во негова чест е наградата Трајни вредности доделена за животно дело. Веќе следниот проект, снимен во живо во автентичниот Куршумли Ан ја одбележа неговата 30-годишната кариера. Имено, тој 24 јуни 1995 година Гаро пред публиката се претстави во повеќе улоги: како мултиинструменталист, композитор и аранжер. Својот концепт пред аудиториумот го презентираше врз повеќе ударни инструменти: тапани, перкашен, ѕвона, камбани, буриња, клавир, плехови, тенџериња и ритам машини. Материјалот во 1996. година го објави сестринската продукција на Трето уво на Иво Јанкоски - Џемини 2.

Потоа, речиси пет години дискографски апстинираше, иако во повеќе наврати го најавуваше албумот кој требаше да се снима во Истра, во студиото на Дадо Топиќ. Сепак, реализација на овој проект никогаш не се случи, но Гаро редовно, секоја година во периодот мај-јуни за матурантите од Скопје одржуваше бесплатни концерти.

Во јули 2001. година под спонзорството на Телеком на Македонија, кој му беше продаден на унгарскиот Матав се печатени 3.500 копии на новиот албум на Гаро и синовите А бре, Македонче, каде се поместени осум македонски изворни теми, обработени според зборовите на Гаро, на европски начин. Проектот е снимен во домашното студио на семејството Тавитјан, каде сите инструменти и се врзано околу албумот го завршија: Гарабет, Диран и Гаро. Куриозитет врзан за ова цеде е во тоа што истото не се најде во официјалната продажба, туку бесплатно им беше поделено на поклониците на неговата музика[3].

Самостојна дискографија[уреди | уреди извор]

  • Гаро и Парамециум Live (МКП, МРТВ 1995)
  • Live (SJF Records 1995)
  • Гарабет Тавитијан (Gemini 2 1996)
  • А бре, Македонче (Matav 2001)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 1462. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
  2. Garabet Tavitijan
  3. Гаро Тавитјан ќе добие награда за животно дело

Надворешни врски[уреди | уреди извор]