Златко Ориѓански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златко Ориѓански
Златко Ориѓански, фотографија на Ханис Багашов
Животописни податоци
Жанровиетно
Занимањакомпозитор
Период на активност1990 - сè уште

Златко Ориѓански — македонски композитор, поранешен член на Лола В. Штајн и на групата Анастасија. Остварил успешна соработка со бројни имиња од македонската естрада, меѓу кои соработка со Вања Лазарова, Каролина Гочева, Бени, како и со режисерите: Милчо Манчевски, Игор Ивановски Изи и Слободан Унковски.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнува со членовите на Лола В. Штајн, со кои ги издава албумите: „Икона“ и „Мансарда“. Златко Ориѓански со групата Анастасија има настапувано речиси низ цела Европа: во Данска, Англија, Шведска, Грција, Турција, Полска, Шпанија, Португалија, Белгија, Германија, Швајцарија, Италија, Бугарија, Србија, Хрватска.

Како композитор се појавува во комерцијалниот видео спот на „Чудесна Македонија“ во 2010 година, во спотот на Игор Ивановски Изи од 2009 година, Македонија вечна (втор дел) од 2008 година, албумот „Македонско девојче“ на Каролина Гочева, потоа музика за филмот на Милчо Манчевски, Пред дождот и музика за спотот Made in Macedonia,, Во 2016 година добива Признание за промоција на албанските вредонсти, кое се доделува на лице неалбанец.Ова признание му се доделува за соработката и градењето на мостови меѓу културите на „Милингона е арт”.[2]

Златко Ориѓански има напишано музика за повеќе од 55 театарски претстави.

Творештво, награди и признанија[уреди | уреди извор]

Анастасија[уреди | уреди извор]

Албуми, активности и признанија заедно со групата Анастасија:

Други проекти[уреди | уреди извор]

  • „Икона“, 1990 година
  • „Мансарда“, 1991 година
  • Музика за комерцијалното видео на Милчо Манчевски, „Ми товарил Дончо“, 1999 година
  • „Македонски љубовни песни“ и „Ритмистика“, на Вања Лазарова, 2000 година[3]
  • „Будење“, 2003 година
  • Музика за албумот на Каролина Гочева „Македонско девојче“, 2008 година
  • Музика за рекламниот видео спот Macedonia Timeless („Македонија вечна“) (втор дел), 2009 година
  • Музика за рекламниот видео спот Amazing Macedonia, („Чудесна Македонија“), 2010 година
  • Музика за рекламен видео спот, за кој победил на Кански титански лав (Cannes titanium lion 2013), во 2013 година

„Добро утро, госпоѓо“ (албум)[уреди | уреди извор]

Во јули 2016 година, излегува заедничкиот албум на Ориѓански и Бени Шаќири кој го носи насловот „Добро утро, госпоѓо“.[4] Содржи 12 песни, од кои 9 на македонски, две на албански и една на грчки јазик. Автор на најголемиот дел од музиката и текстовите е Ориѓански. Албумот бил посветен на режисерот Слободан Унковски, со кого Ориѓански има долгогодишна успешна соработка.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-11-26.
  2. http://lokalno.mk/zlatna-mravka-mu-dodeli-pochesna-nagrada-na-muzicharot-zlatko-origjanski/
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2005-05-09. Посетено на 2015-11-26.
  4. 4,0 4,1 „Добро утро, госпоѓо“ - заеднички албум на Ориѓански и на Шаќири[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]