Ана Костовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ана Костовска (Скопје, 4 март 1963) е македонска актерка и пејачка. Се истакнува како актерка со многубројни главни и споредни улоги во претстави од разни продукции, како и во телевизиски и филмски проекти, од кои најпознат е телевизиската серија Бушава азбука за кој ги изведува насловните нумери. Ана Костовска е главниот вокал на култната група од осумдесетите Бастион, а соработува со Кирил Џајковски, Милчо Манчевски, Влатко Стефановски, Драгиша Солдатовиќ - Лабиш и други.

Образование и актерска дејност[уреди | уреди извор]

Во 1985 година Ана Костовска димпломира на Факултетот за драмски уметности – Скопје, Универзитет „Св Кирил и Методиј“ во класата на Проф. Владимир Милчин. Веднаш по дипломирањето се придружува кон трупата К.П.Г.Т. на режисерот Љубиша Ристиќ, еден од најзначајните европски режисери во тоа време. Актерскиот занает го учи од најголемите југословенски театарски творци и дејци и во 1995 година се сели во Белград каде продолжува да работи како актер. 2001 година се враќа во Скопје, а 2007 година се вработува во Драмскиот театар Скопје.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Паралелно со актерската кариера, Ана Костовска активно се занимава и со музика, пред се како актер кој пее, но музицира и Rock and roll, Jazz, Pop rock и етномузика. Главен вокал е на култната група од `80 те „Бастион“, соработува со Кирил Џајковски, Милчо Манчевски, Влатко Стефановски, Драгиша Солдатовиќ – Лабиш и други.

Поважни театарски улоги[уреди | уреди извор]

  • Оговарање, р. Љубиша Ристиќ, Будва - град театар, 2007
  • Конзулска времена, од Иво Андриќ, р. Љубиша Ристиќ, Звездара театар, 2008
  • Лавинија – Тит Андроник, од Шекспир, р. Д. Јовановиќ
  • Ен Хатавеј - Everything and nothing, од Борхес, р. К. Челан
  • Маргарита - Ричард трети, од Шекспир, р. Љубиша Ристиќ
  • Регана - Крал Лир, од Шекспир, р. Љ. Ристиќ
  • Хермија - Сон на летната ноќ, р. Љ. Ристиќ
  • Аркадина - Галеб, од А. П. Чехов, р. Ј. Радивоевиќ
  • Гертруда – Хамлет коментари, по Шекспир, р. Ф. Гаиќ
  • Клеопатра – Антонио и Клеопатра, од Шекспир, р. Ф. Гаиќ
  • Мама Иби – Крал Иби, од Алфред Жари, р. Харис Пашовиќ
  • Јулија – Госпоѓица Јулија, од Избен, р. Сашо Миленковски
  • Понсија – Домот на Бернарда Алба, од Ф. Г. Лорка, р. Горчин Стојановиќ
  • Ана Франк – Ана – една приказна, р. Ѕвездана Ангеловска
  • Електра – Електра, од Софокле, р. Елени Боса
  • Животинска фарма, од Орвел, р. Владимир Милчин
  • Рамна земја, МНТ
  • Непушач, р. Б. Брезовац
  • Анита Бербер, р. Н. Кокотовиќ
  • Bloody Mary, р. Љ. Ристиќ, Г. Ленѓел, Р. Шербеџија
  • Антигона
  • Тартиф, од Молиер, р. Љ. Ристиќ
  • Дон Жуан, од Молиер, р. Љ. Ристиќ
  • Миса во А-мол, по Данило Киш, р. Љ Ристиќ
  • Кузман Капидан, од Глигор Прличев, р. Сашо Миленковски
  • Тапани во ноќта, од Б. Брехт, р. Саша Габриќ
  • Купдона, р. Срѓан Јаниќиевиќ
  • Зенит, р. Драган Живадинов
  • Сараевски приказни, р. Ф. Гаиќ

Филмови[уреди | уреди извор]

  • Танго – тажна мисла која се танцува, р. Пуриша Ѓорѓевиќ
  • Ѕвездите на `42, режија, Јане Петковски,
  • Големата Вода, режија Иво Трајков,
  • Контакт, режија Сергеј Станоевски,
  • Бал – кан – кан, режија Дарко Митревски
  • Сенки, режија Милчо Манчевски
  • Славица - Јас сум од Титов Велес, режија Теона Митевска
  • Беса - р. Срѓан Карановиќ, 2010

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • Награда на новинарите за најдобра женска улога – Мајката Иби во претставата Крал Иби во режија на Харис Пашовиќ на Битеф – Белград во 1994 година.
  • Нагарада 10 Festival du Cinema Europeen en Essonne, Prix d`interpretation feminine 2008 pour l efilm JE SUIS DE TITOV VELSE de Teona Mitevska