Бушава азбука (телевизиска серија)
Изглед
(Пренасочено од Бушава азбука)
Бушава азбука | |
---|---|
Насловна фотографија на книгата „Бушава азбука“ со илустрации на Петричиќ | |
Жанр | комедија |
Напишана од | Горан Стефановски |
Режирана од | Слободан Унковски |
Улоги | Ненад Стојановски Јовица Михајловски Гоце Тодоровски Петре Арсовски Раде Рогожаров Драган Спасов - Дац Марин Бабиќ Мими Таневска Кирил Ристоски Соња Костовска Ана Костовска Синоличка Трпкова |
Земја на потекло | СР Македонија, СФРЈ |
Првичен јазик | македонски |
Бр. на епизоди | 31 |
Продукциска куќа | МРТ |
„Бушава азбука“ — македонска детска телевизиска серија наменета за изучување на македонската книжевност, култура, традиција преку музиката, илустрациите и глумечката игра. Таа се смета за најуспешниот производ на МРТ.[1]
Прикажување
[уреди | уреди извор]Серијата е снимена во 1985 година од Македонската радио-телевизија во режија на Слободан Унковски. Автор на сценариото е Горан Стефановски. Постои и истоимена книга изработена од Стефановски и од српскиот илустратор Душан Петричиќ.[2] Серијата има вкупно 31 епизода, по една за секоја буква од македонската азбука, а секоја епизода трае половина час.
Во 2019 година била објавена дигитализирана верзија на книгата, изработена од македонскиот дизајнер и софтверски инженер Гоце Митевски.[2][3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Унковски и Стефановски работат на втор дел од култната ТВ-серија „Бушава азбука"“. Сакам Да Кажам. 4 јуни 2018. Посетено на 13 март 2020.
- ↑ 2,0 2,1 „Гоце Митевски: Ја дигитализирав „Бушава азбука" во чест на Горан Стефановски и Душан Петричиќ“. Кајгана. 8 јуни 2019. Посетено на 13 март 2020.[мртва врска]
- ↑ „Дизајнерот Гоце Митевски ја дигитализираше книгата „Бушава азбука"“. it.mk. 10 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2020-11-26. Посетено на 14 март 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Бушава азбука“ - дигитално издание
- Бушава азбука (телевизиска серија) на Семрежната филмска база на податоци (англиски)