Кога денот немаше име

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кога денот немаше име е македонски филм од 2017 година во режија на Теона Стругар Митевска, која исто така го потпишува и сценариото.

Филмот е ко-продукција меѓу Македонија, Белгија и Германија. А, македонски продуцент е Лабина Митевска.[1]

„Кога денот немаше име“ ја имаше светската премиера на 67.Берлинале во официјална селекција, а во програмата „Панорама“. Таму филмот доби одлични рецензии како од критичарите, така и од публиката.

Исто така филмот беше пријавен за македонски кандидат за оскар,заедно со Златна петорка,но Агенцијата за филм се реши да не испрати кандидат за оскар во 2017 година.

Дејство[уреди | уреди извор]

Филмот е приказна за група на тинејџери од исто место,кои секојдневно живеат со предрасуди спрема своите соседи Албанци,а исто така и трпат притисок од нив.

Филмот на Стругар Митевска влегува во длабокиот транзиционен и социјален јад,мизерија,дебилизам и стереотипите кои се уште преовладуваат во размислувањата на младите луѓе во Македонија.

Овој филм е инспириран од вистински настан кој се случи во 2012 година,кога кај Смилковското Езеро во близина Скопје беа убиени петмина млади момчиња. Овој настан познат како Убиства кај Смилковци или како Смилковски масакар го подели македонското општество и создаде меѓу етнички тензии во кои беа повредени неколку лица.

Наводи[уреди | уреди извор]