Игор Ангелов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Игор Ангелов.jpg
Роден 1 октомври 1977
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Пет плус
Златна петорка
Преспав
Занимање глумец

Игор Ангелов (роден на 1 октомври 1977 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Биографија[уреди | уреди извор]

Игор Ангелов е роден на 1 октомври 1977 година во Скопје. Високото образование го завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломиран на одделот Драмски актери. По дипломирањето работел во Прилепскиот народен театар,[1] а денес работи во Драмскиот театар во Скопје. Во својата кариера учествувал во бројни театарски, филмски и телевизиски проекти. Остварил учество и на повеќе фестивали, меѓу кои „Млад отворен театар“, „Војдан Чернодрински“, „Денови на комедија“, „Ристо Шишков“ и „Охридско лето“ во Македонија, „Cividale del Friulli“ во Италија, „Grlimo se morem“ во Хрватска, „ТЕСТ“ во Босна и Херцеговина, „САПАС“ во Бугарија, како и на Деновите на македонската култура во САД и Австралија. Добитник е на наградите за најдобар млад актер (2001) и најдобра машка споередна улога (2007) на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински.

Театрографија[уреди | уреди извор]

  • „Враќањето на црниот витез“ – режија К. Ристевски – МНТ – Скопје;
  • „Comedia de la Vanita“ - R. Kacca – Cividale del Friuli – Италија;
  • „Семејни гласови“ – Д. Дамјановски – НТ – Прилеп;
  • „Летни Силјане“ – Љ. Ѓоргиевски – НТ – Прилеп;
  • „Хроника за една најавена смрт“ – В. Светозарев – Скопје;
  • „Змејот“ – А. Ивановски – НТ Велес;
  • „Синдром Чернодрински“ – Д. Дамјановски – No Name Theatre – Скопје;
  • „Макбет“ – К. Ангеловски – НТ Прилеп;
  • „Грев или шприцер“ – Д. Станкоски – НТ Прилеп;
  • „Волшебниот коњ„ – Д. Довлев – ДТЦ – Скопје;
  • „Рибарски караници“ – К. Ангеловски – НТ – Прилеп;
  • „Стјуардеси“ – К. Ристевски – НТ – Прилеп;
  • „Џиновското тркало“ – Д. Довлев – НТ Прилеп;
  • „Сатирикон“ – К. Петрески – НТ Прилеп;
  • „Баладата за големиот костур“ – В. Милчин – НТ – Прилеп;
  • „Bathale Roma“ – Р. Бурхан – МОТ – Скопје;
  • „Татко“ – Д. Станковски – НТ Прилеп;
  • „Патот за Парамарибу“ – В. Џолева – Скопско лето – Скопје;
  • „Црнила“ – В. Џолева – Скопско лето – Скопје;
  • „Чалик Чомак“ – Ј. Бојаџи – НТ – Прилеп;
  • „Волшебната куќа“ – Д. Довлев – ДТЦ – Скопје;
  • „Новогодишна трилогија“ – Д. Дамјановски – Универзална сала Скопје;
  • „Четвртата сестра“ – К. Петрески – НТ Прилеп;
  • „Проклетството на изгладнетата класа“ – Н. Ристов – НТ Велес;
  • „Да се заборави Херострат“ – З. Бузалковска – НТ Велес;
  • „Мара/Сад“ – Васил Христов – МНТ – Скопје;
  • „Дундо Марое“ – Драгана Попов – МНТ – Скопје;
  • „Троил и Кресида“ – Љубиша Ристич – МНТ – Скопје;
  • „Лет во три глави“ – Никола Ристов – МНТ – Скопје;
  • „Фигаро се разведува“ – Куштрим Бектеши – МНТ Скопје;
  • „Госпоѓа Министерка“ – Наташа Поплавска – МНТ Скопје;
  • „Последните Македонци“ – Сашо Миленковски – Драмски театар Скопје;
  • „Ангели во Америка“ – Џаред Стајн – Драмски театар Скопје;
  • „Хамлет“ – Дејан Пројковски – Драмски театар Скопје;
  • „Брод за кукли“ – Нела Витошевич – независен проект.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда за најдобар млад актер на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински - 2001;
  • Најдобра машка споредна улога на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински - 2007.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. М. Бундалевска, Александра (28 ноември 2014). „Ангелов: Децата имаат потреба од гусарски приказни (интервју со Игор Ангелов)“. Република. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]