Петре Арсовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петар Арсовски
Роден 12 јуни 1945
Мокрени, Велешко
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Среќна Нова ’49
Истрел
Занимање глумец

Петар Арсовски (р. 12 јуни 1945 во Мокрени, Велешко) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Петар Арсовски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Првата улога Петре Арсовски ја остварува во 1968 година во претставата „Венецијански близнаци“ во улога Првиот полицаец, чија премиера била одржана на 12 декември 1968 година. Во текот на својата театарска кариера, учествувал во глумење на 52 ликови на сцената на МНТ, како и 15 ликови на други сцени од други театри.

За првпат на филм се појавил во играниот филм „Македонскиот дел од пеколот“ во 1971 година. Во 1974 година се вработил во Македонскиот народен театар каде се пензионирал во 2009 година. И покрај пензионирањето, Арсовски продолжил со играњето во претстави и филмови.

Во 2018 година по повод 50 години од својата актерска кариера, Арсовски направил изложба во фоајето на Македонскиот народен театар[1]. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Живее и работи во Скопје.

Петар Арсовски е еден од предавниците, кодоши на Ристо Шишков.[се бара извор]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
1971 Македонски дел од пеколот ТВ-филм Панде Кајзеро
1972 Истрел ТВ-филм Игор
1973 Добра долина ТВ-филм
1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм Петар Ацев
1974 Средба ТВ-филм Јон
1974 Волшебното самарче ТВ-серија Петре
1975 Јад ТВ-филм
1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм
1977 Најдолгиот пат ТВ-филм Јован
1977 Итар Пејо ТВ-серија Клисарот
1977 Пресуда ТВ-филм
1980 Време води ТВ-филм Петар
1981 Булки крај шините ТВ-филм Ристе
1982 Јужна патека ТВ-филм Ѓорѓи
1982 Јагне на ражен ТВ-филм Кузман
1982 Илинден ТВ-серија
1983 Записник ТВ-филм
1983 Опасни траг ТВ-филм
1984 Нели ти реков ТВ-филм
1984 Белото циганче ТВ-серија
1985 На наш начин
1985 Бушава азбука ТВ-серија
1985 Јазол ТВ-филм Симеон
1986 Среќна Нова ’49 ТВ-филм Бургер
1989 Еурека ТВ-серија Човекот
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Геро
1991 Тетовирање ТВ-филм Командир
1992 Заминување од Пасквелија ТВ-филм Арџо
1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1993 Бог да ги убиецшпионите ТВ-филм Сакир
1993 Крик на немиот Индијанец ТВ-филм
1995 Ангели на отпад
1997 Џипси меџик ТВ-филм
1998 Салон Хармони ТВ-серија Полицаецот
1998 Збогум на 20 век ТВ-филм
2000 Је ли јасно пријатељу ТВ-филм Бесим
2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2001 Одмазда ТВ-филм Александар
2002 Вампирџија
2002 Заведени ТВ-серија
2003 Седум приказни за љубовта и свршувањето ТВ-филм
2003 Едно од лицата на смртта ТВ-филм
2003 Волци ТВ-филм Лазе
2004 Големата вода ТВ-филм Воен доктор
2005 Обични луѓе ТВ-серија Трпе
2005 Бал-кан-кан ТВ-филм
2006 Караула ТВ-филм Илиевски
2006 Стрмоглави ТВ-филм
2006 Патувања со рабробил ТВ-филм
2006 Мост ТВ-филм Славеј
2006 Американецот ТВ-филм
2007 Стапица ТВ-филм Вељо
2009 На изгрејсонце ТВ-филм Војдан
2011 Ова не е американски филм ТВ-филм
2012 Трето полувреме ТВ-филм Папас
2013 Балканот не е мртов ТВ-филм
2013 Равна гора ТВ-серија
2014 До балчак ТВ-филм Прв трговец
2015 За кралот и татковината ТВ-филм
2015 Шишка делукс
2016 Ноќно живеење ТВ-филм
2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм Димчо
2016 Златна петорка ТВ-филм Џиџи
2017 На терапија ТВ-серија
2017-2019 Сенки над Балканот ТВ-серија Газда Киро
2019 Ефектот на среќа ТВ-филм Професорот
2020 Другарот ТВ-филм Димче
2022 Лена и Владимир ТВ-филм Васил

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Изложба за 50 години актерска кариера на Петре Арсовски“. kurir.mk. 18 декември 2018.
  2. Доделување на наградата 11 Октомври на семрежното место на Собранието на Република Македонија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]