Балканот не е мртов (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Балканот не е мртов“
РежисерАлександар Поповски
ПродуцентРоберт Насков
Роберт Јазаџиски
СценаристДејан Дуковски
Александар Поповски
Ана Ласиќ
НастапуваатНикола Ристановски
Драгана Костадиновска
Јордан Симонов
Раде Шербеџија
МузикаКирил Џајковски
Премиера2013[1]
Времетраење100 мин.[1]
ДржаваМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Буџет850.000 евра[2]

Балканот не е мртов e македонски игран филм, по сценарио на Дејан Дуковски,[1] Александар Поповски[1] и Ана Ласиќ,[1] а во режија на Александар Поповски.[1] Музиката ја компонирал Кирил Џајковски.[1] Филмот е екранизација на истоимената драма на Дејан Дуковски од 1992 година.

Основни податоци за филмот[уреди | уреди извор]

„Балканот не е мртов“ е прв самостоен филм на режисерот Александар Поповски. Сценариото за филмот е напишано од Дејан Дуковски, Александар Поповски и Ана Ласиќ, а според истоимениот драмски текст на Дејан Дуковски од 1994 година. Проектот за снимање на филмот бил одобрен уште во 2004 година, но поради бројните административни и технички проблеми, снимањето завршило дури во 2010 година. Филмот за првпат бил прикажан на фестивалот "Браќа Манаки" во Битола, во 2012 година, додека официјалната премиера пред публиката била одржана на 18 октомври 2013 година во киното "Милениум", во Скопје. Филмот е снимен во копродукција на продуцентските куќи "Кино око" и "ФхЗх" од Скопје, и "Аталанта" од Словенија. Снимањето било финансирано од Министерството за култура на Македонија и од Филмскиот фонд на Македонија, а вкупниот буџет изнесувал 850.000 евра.[3]

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

1905 година. Европа го достигна зенитот на славата ....Европејците се вџашени од технолошките достигнувања на Хенри Форд и браќата Рајт. Чудото со сликата во движење на Џорџ Молие и појавувањето на Сара Бернар ги забавува европските градови. Паради на радост и луксузни партии ... Создадени се нови скулптури, нови споменици, нови архитектонски гиганти се изградени насекаде. Европејците ја поздравуваат новата епоха која конечно ќе го обедини стариот континент, да стави крај на војните и донесе радост, напредок и благосостојба на човештвото. Во исто време, далеку на Балканот, големата Отоманското Царство се распаѓа.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Balkanot ne e mrtov (2013)
  2. http://www.mia.mk/en/Inside/RenderSingleNews/61/110703596
  3. "Балканот... цели на арт-фестивали", Дневник, број 5293, година XVII, петок, 18 октомври 2013, стр. 20.