Драгана Костадиновска
Драгана Костадиновска | ||
Родена | Драгана Костадиновска 10 декември 1983 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Занимање | глумица |
Драгана Костадиновска; Скопје, 10 декември 1983) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Животопис
[уреди | уреди извор]Драгана Костадиновска е родена на 10 декември 1983 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на професорите Кирил Ристоски и Зоја Бузалковска во 2006 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 2008 година.[1]
Покрај исполнувањето на театарски и филмски улоги, Костадиновска учествувала на театарските фестивали „Град театар“ во Будва (2005), „МЕСС“ во Сараево (2006), „БИТЕФ“ во Белград (2006), „Пост Југославија“ во Рим (2006) и Меѓународниот театарски фестивал „Богота“ во Богота (2010); а учествувала и во образовни работилници, како на пример „Сараево талент кампус на [[Сараевски филмски фестивал|Сараевскиот филмски фестивал (2009), Меѓународната летна театарска школа на Сојузот на театарските работници од Русија во Москва (2009) и „Берлин талент кампус“ на Берлинскиот филмски фестивал (2010).[1]
Театрографија
[уреди | уреди извор]- Дона Елвира — „Дон Жуан“ од Жан Батист Поклер Молиер, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје, 2005;
- „Соларис“, р. Златко Славенски, МНТ, 2007;
- Луси — „Дракула“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2007;
- Ана — „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, р. Зоја Бузалковска, Драмски театар - Скопје, 2008;
- Пациент — „Мара/САД“ од Питер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008;
- Фаншет — „Фигаро се разведува“ од Еден фон Хорват, р. Куштрим Бектеши, МНТ, 2008;
- Џезабел — „Свето срце“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2009;
- „Писма од сеќавањата“ од Олег Николаев, Сојуз на театарските работници на Русија, 2009;
- Учителка по англиски јазик — „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2009;
- Касандра — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2009;
- Психолог — „Темпирана опера“ од Бертолт Брехт и Ентони Барџис, р. Васил Христов, МНТ, 2010;
- Марина — „Немој ти мене Фауст“ од Срѓан Јаниќијевиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2010;
- Анџелика — „Фирма“ од Роланд Шимелфенинг, р. Нела Витошевиќ, Вондерленд театар, 2011;
- Лу — „Олово на перница“ од Венко Андоновски, р. Димче Николовски, Драмски театар - Скопје, 2011;
- Барбара, Мара — „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, р. Бојан Трифуновски, МНТ, 2011;·
- Фанчета — „Свадбата на Фигаро“ од Пјер Бомарше, р. Леван Цуландзе, МНТ, 2011;·
- Лиза Дроздова — „Бесови“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Златко Славенски, МНТ, 2011;
- Луј XIV — „Животот на Молиер“ од Михаил Булгаков, р. Александар Поповски, МНТ, 2012;
- Естреа Бенвениста — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
- „5:17“ од Ана Ристоска, р. Нела Витошевиќ, Вондерленд театар, 2013;·
- Ќерката — „Да тргнеме Сењор“ од Ана Ристоска, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2014;·
- Маргарита — „Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков, р. Иван Поповски, МНТ, 2015;·
- Вероник — „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза, р. Нела Витошевиќ, Народен театар „Ацо Шопов“ - Штип, 2018;·
- Леди Макбет — „Макбет“ од Вилијам Шекспир, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2019:
- "Илузии" од Иван Вирипаев, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2020;
- "Работи за кои не споруваме", според вистински приказни, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2021;
- Петра фон Кант - "Горчливите солзи на Петра фон Кант" од Рајнер Вернер Фасбиндер, р. Ивица Димитриевиќ, МНТ, 2022;
- Лекарка - "Сите сме птици" од Важди Муавад, р. Слободан Унковски, МНТ, 2022;
- Ана Петровна - "Иванов" од Антон Павлович Чехов, р. Зоја Бузалковска, МНТ, 2023.
Филмографија
[уреди | уреди извор]- Девојчето — „Северен лет“, р. Вардан Тозија, краткометражен филм, 2004;
- Ана — „Трезна“, р. Марко Ѓоковиќ, краткометражен филм, 2009;
- Анѓа — „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, р. Александар Поповски, 2011;
- Софи — „Госпоѓа Рубин“, р. Костадин Анастасов, краткометражен филм, 2011;
- Олимпија — „Еј“ од Васил Христов, р. Васил Христов, 2018.
- Телевизиски серии
- Магдалена — „Обични луѓе“ од Братислав Димитров, р. Томислав Алексовски, 2005;
- Зана — „На терапија“, 2017.
Награди
[уреди | уреди извор]- Награда за најдобра глумица за 2013 г. на „Златна Бубамара“ на популарноста.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Драгана Лошкова Архивирано на 23 декември 2019 г.“. Македонски народен театар.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Драгана Костадиновска на Семрежната филмска база на податоци (англиски)