Салаетин Билал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 19 март 1942
Скопје
Починал 10 мај 2018
Скопје
Националност Турчин
Познат по улогата во:
Тврдокорни
Прашина
Зад непријателските линии
Занимање глумец

Салаетин Билал (Скопје, 19 март 1942 - Скопје, 10 мај 2018) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец од турска националност.

Салаетин Билал студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станал член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите во Скопје. Како актер гостувал и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма.

За своето актерско умеење бил награден како најдобар артист на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на Театарските игри во 1992 година добил награда за најдобра споредна улога. Два пати бил добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ - прогласен е за актер на годината во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ - Награда на градот Скопје за 1977 г., а во 1984 година го доби највисокото републичко признание Наградата „11 Октомври“. Починал во Скопје на 10 мај 2018 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]