Прејди на содржината

Кирил Псалтиров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кирил Псалтиров
Роден(а)11 октомври 1941
Кочани, Царство Бугарија
Починал(а)8 мај 2021(2021-05-08) (возр. 79)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
НародностМакедонец
Занимањеглумец
Активен период1969 - 2019
Познат(а) попо улогата во:
Пред дождот
Тврдокорни
Македонски народни приказни
Пресуда
Во светот на бајките
Чекор пред времето
Мисија Лондон
Од зад грб
Време, води
Бардо

Кирил Псалтиров (роден на 11 октомври 1941 во Кочани — починал на 8 мај 2021 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, како и поранешен советник во Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ. Кирил Псалтиров во 1974 година се вработил во Македонски народен театар во Скопје и останал сè до неговото пензионирање.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Завршил Академија за драмски уметности во Скопје во 1973 година, во првата генерација дипломирани глумци заедно со Ѓорѓи Колозов, Снежана Киселичка, Гоце Влахов, Петре Арсовски, Мајда Тушар и Соња Каранџуловска. Од 1974 година до неговото пензионирање работел како глумец при Драмата на Македонскиот народен театар и глумел во повеќе филмови. Од 2011 до 2019 година, бил вработен во Канал 5 Телевизија, каде вршел сихронизација на турски серии и бил дел глумечката екипа на Македонски приказни.[2]

Во 2012 година, Комисијата за верификација на фактите (лустрациската лустрација на Република Македонија) утврдила Псалтиров дека бил соработник на тајните служби во времето на СФРЈ,[3] на кое тој изјавил дека не бил кодош туку жртва на комунистичкиот режим.[4]

Театарски претстави

  • Љупче (Писание, 2002), aвтор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Началникот (Грофот Миливој, 2001), aвтор: Ристо Крле, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Кардиналот Донатело (Еригон, 1999), aвтор: Јордан Плевнеш, режисер: Владо Цветановски , продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Бугаринот (Зора на истокот, 1991), aвтор: Гордан Михиќ, режисер: Ацо Алексов, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Свештеникот (Посета на старата дама, 1990), aвтор: Фридрих Диренмат, режија: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар
  • Едвард, кралот (Ричард трети, 1990), aвтор: Вилијам Шекспир, режисер: Рахим Бурхан, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Сомот (Рекламна бајка, 1989), aвтор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Солин, војводата од Ефес (Забуни, 1989), aвтор: Вилијам Шекспир, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Свештеникот (Антица, 1988), aвтор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Борецот (Гуштерица, 1986), aвтор: Александар Володин, режисер: Евгениј Лазаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Другарот Мандулски (Рамна земја, 1985), aвтор: Ташко Георгиевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Боб Мојра (Бог, 1984), aвтор: Вуди Ален, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Дежурен иследник на Голи Оток (Македонски состојби), 1984), aвтор: Јордан Плевнеш, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Д-р Нинковиќ (Госпоѓа министерка, 1983), aвтор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Попот (Макавејските празници, 1983), aвтор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Тевје (Свирач на покрив, 1983), aвтор: Џери Бок, режисер: Владо Штефанчиќ, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • (По претставата, 1981), aвтор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Остен, 09.1981), aвтор: Бранко Ставрев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Завиша (Војна и мир во Груда, 1981), aвтор: Вељко Радовиќ, режисер: Благота Ераковиќ , продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Прв врбувач, Прв језуит, Чиновникот, Полицаецот, Прв јаничар (Кандид, 1980), aвтор: Волтер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Анучкин (Женидба, 1979), Автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Ампо (Чорбаџи Теодос, 1978), aвтор: Васил Иљоски, режисер: Ацо Алексов, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Никифор Бриен; Затвореник 5 (Алексијада, 1978), aвтор: Богомил Ѓузел, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Суд, 1978), aвтор: Коле Чашуле, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • ('48, 1977), автор и режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Д-р Нинковиќ, секретар во Министерство за надворешни работи, Втор жандарм (Госпоѓа министерка, 1977), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Работникот (Крчма под зеленото дрво, 1977), автор: Петар Ковачевиќ, режисер: Владимир Стрниско, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Крам (Бертолт Брехт пред комитетот за антиамериканска дејност, 1977), автор: Ерик Бентли, режисер: Наум Пановски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • (Отепвачка, 1976), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • (Хемиските потписи на човечките организми во воздухот, 1975), автор: Бранко Ставрев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Вториот селанец, Гаврил (Време за пеење, 1975), автор: Петре М. Андреевски, режисер: Димитар Станковски, продукција: Македонски народен теата - Скопје
  • Слуга на Фамусов (Од многу ум, 1974), автор: Александар Грибоедов, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Оберлајтнант фон Балочански (Господа Глембаеви, 1974), автор: Мирослав Крлежа, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Работник; Жандарм, Хор (Хелдерлин, 1973), автор: Петер Вајс, режисер: Владимир Милчин , продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Водачи на разбунтуваната маса (Децата на сонцето, 1973), автор: Максим Горки, режисер: Илија Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Освалд (Крал Лир, 1972), автор: Вилијам Шекспир, Режисер: Вукан Диневски , продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Гаврил Игњатович (Фома, 1972), автор: Фјодор Михајлович Достоевски (текст: Селото Степанчиково и неговите жители), режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Доброволец (Јунона и паунот, 1971), автор: Шон О’Кејси, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • (Макбет, 1969), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Герет Морган,, продукција: Драмски театар - Скопје

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1971 Македонски дел од пеколот ТВ-филм Партизан
1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1975 Јад ТВ-филм
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Бегалецот
1977 Пресуда ТВ-филм
1979 Партизанска ескадрила ТВ-филм Стрелец
1980 Време, води ТВ-филм Величко
1981 Црвениот коњ ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Едно лето ТВ-серија Минувачот
1982 Мистериозниот предмет ТВ-филм
1982 Тоа е мојот живот ТВ-филм
1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1983 Потера ТВ-филм
1984 Јуначко колено ТВ-серија Началник
1985 На наш начин ТВ-серија Командир
1985 Од зад грб ТВ-филм
1985 Ајде да се дружиме ТВ-серија
1986 Климент Охридски ТВ-филм
1986 Солунски патрдии ТВ-серија
1986-1989 Македонски народни приказни ТВ-серија
1987 Чорбаџи Теодос ТВ-филм Панко
1987 Народни трибуни ТВ-серија
1987 Чук, чук Стојанче ТВ-серија
1988 Скопски сновиденија ТВ-филм
1988-1992 Тврдокорни ТВ-серија Христо Узунов
1989 Мугра ТВ-филм
1990 Македонски народни приказни ТВ-серија /
1990 Еурека ТВ-серија
1992 Време, живот ТВ-филм
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм Заптија
1994 Пред дождот ТВ-филм Моме
1994 Прекалени ТВ-серија
1995 Ангели на отпад ТВ-филм Командирот
1995-1997 Македонски народни приказни ТВ-серија
1999 Во светот на бајките ТВ-серија Патентарија
1999 Време, живот ТВ-филм
2000 Погрешно време ТВ-серија келнерот Стево
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија /
2001 Прашина ТВ-филм Арнаут
2003 Чекор пред времето ТВ-филм
2004 Under ТВ-филм Колекционер
2004 Како убив светец ТВ-филм
2007 Превртено ТВ-филм
2010 Македонски народни приказни ТВ-серија
2010 Мисија Лондон ТВ-филм Мома Димич
2012 Бардо ТВ-филм Дедото
2012-2015 Македонски приказни ТВ-серија /
2013 Тврдокорни ТВ-серија
2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм
2018 Ругање со Христос ТВ-филм
  1. „Кирил Псалтиров покажа и докажа дека актерот е голем и во најмалата улога“. Посетено на 21 јануари 2025.
  2. „Биографија за глумецот Кирил Псалтиров“. Платформа.мк. 4.11.2024. Посетено на 29 јануари 2025. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Објавени досиејата на Кирил Псалтиров и Исак Ајрули: Како комунистите врбувале кодоши!“. Посетено на 2012-08-16.[мртва врска]
  4. „Псалтиров: Не сум кодош, туку жртва на тогашниот систем“. 16 август 2012. Посетено на 2012-08-16. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]