Трето полувреме (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Трето полувреме“
The Third Half.jpg
Режирано од Дарко Митревски
Продуцент Роберт Насков и Дарко Митревски
Настапуваат Сашко Коцев
Катарина Ивановска
Ричард Самел
Раде Шербеџија
Емил Рубен
Митко Апостоловски
Музика Кирил Џајковски
Кинематографија Клаус Фуксјагер
Монтажа Дејан Бошковиќ
Студио Кино Око Продукција
Држава Македонија
Јазик

Трето полувреме е македонски филм во режија на Дарко Митревски.

Факти за филмот[уреди]

Филмот е инспириран од вистинските случки во Македонија за време на бугарската окупација во Втората светска војна. Главните улоги во филмот ги играат: Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апастоловски, Мето Јовановски, Тони Михајловски итн. Сценариото е дело на Гргур Струјиќ, а музиката за филмот ја компонирал Кирил Џајковски. Филмот започнал да се снима на 24 август 2011 година,[1] а снимањето завршило на 27 октомври 2011 година.[2]. Премиерата на филмот била на 15 септември 2012 година во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.[3]

Содржина[уреди]

„Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот - фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот - Втората светска војна. Тоа е приказна за играчите на ФК "Македонија" и нивниот германско-еврејски тренер Рудолф Шпиц, кој ги води низ патот кон титулата шампион на Нацистичката фудбалска лига. И најпосле - ова е приказна за фудбалот, игра што во тие страшни времиња е повеќе од игра: тој е бојно поле помеѓу Доброто и Злото![4]

Пред Втората светска војна, фудбалскиот клуб "Македонија" од Скопје е просечен тим кој редовно ги губи натпреварите, претежно поради несериозниот однос на неговите играчи. Поради тоа, основачот на клубот, Димитрија, е фрустриран и сонува за тоа да направи шампионски клуб.

Најдобариот напаѓач на тимот, Коста, инаку познат шверцер, се вљубува во Ребека - убава и многу богата девојка. И таа се вљубува во Коста, но нејзиниот татко најостро се спротивставува на нивната врска и поради тоа, Ребека мора да ја напушти родната куќа и се согласува да живее во бедна, дрвена колиба со својот маж. Едно утро, бугарската војска и полиција го собира сите скопски Евреи ги собира во монополот од каде треба да бидат транспортирани во концентрационен логор. Таткото на Ребека, претчувствувајќи ја смртта, ѝ го дава ланчето со сликата на мајка ѝ. Така, по играта на случајноста, единствено Ребека го избегнува прогонот на Евреите.

Еден ден, во Скопје доаѓа познатиот германски фудбалски тренер Рудолф Шпиц, кој се согласува да го тренира тимот. Тој им наметнува на играчите строга дисциплина, која тие на почетокот не ја прифаќаат, но подоцна, кога тимот започнува да реди успеси, сите ги прифаќаат неговите методи на работа. Благодарение на тоа, ФК "Македонија" доаѓа во ситуација да се бори за шампионската титула. Пред решавачкиот натпревар за првото место, бугарската војска го открива еврејското потекло на Шпиц и му забранува да присуствува на натпреварот. За време на натпреварот, наспроти сите опструкции од судиите, фудбалерите се борат со жар и ФК "Македонија" успева да победи на огромна радост на публиката.

Сепак, неколку дена подоцна, власта го поништува резултатот и на клубот му ја одзема титулата. Сопственикот на клубот, Димитрија, за да ја докаже верноста кон власта, мора да го однесе тренерот Шпиц во планината каде што треба да го убие. Димитрија го вперува револверот кон него, но не може да ја изврши наредбата и го пушта да побегне на запад. Во меѓувреме, сите играчи на клубот заминуваат во редовите на партизаните.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Сител Дневник
  2. Утрински Весник
  3. „Почнува 33. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки““ (на македонски). Телевизија Сител. 15 септември 2012. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pochnuva-33-internacionalen-festival-na-filmska-kamera-%E2%80%9Ebraka-manaki%E2%80%9C. конс. 15 септември 2012. 
  4. "Вистинска приказна за њубовта и фудбалот", Антена, број 809, 27.12.2013, стр. 3.