Прејди на содржината

Ратка Радмановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ратка Радмановиќ
Родена 19 мај 1940
Кочани, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починала 3 октомври 2023(2023-10-03) (возр. 83)
Битола, Македонија
Националност Македонка
Народност Македонка
Позната по улогата во:
Мајки
Сенки
Панкот не е мртов
Врба
Ослободување на Скопје
Трето полувреме
Занимање глумица

Ратка Радмановиќ (19 мај 1940 , Кочани - 3 октомври 2023 , Битола) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Родена во Кочани, најголем дел од кариерата работела во Народниот театар во Битола. Остварила и низа улоги во театрите во Кочани, Струмица, Штип и Куманово. Има остварено низа на впечатливи улоги на сцените на македонските театри особено во Народниот театар во Битола каде долго време и по пензионирањето имала носечки улоги на репертоарот. Радмановиќ остварила дваесеттина улоги на филм, каде остварила главни улоги во: Сенки и Мајки на Милчо Манчевски, Панкот не е мртов на Владимир Блажевски, Трето полувреме на Дарко Митревски, Ослободување на Скопје на Раде Шербеџија и последните Врба и Кајмак на Милчо Манчевски. Радмановиќ посебно е активна по пензионирањето.

Починала во Битола, на 3 октомври 2023 година.[1]

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Радмановиќ ги остварила филмските улоги:[2]

Година Филм Улога
1987Ѕвездите на 42-та ТВ-филм
1994Пред дождот ТВ-филм
1997Преку езерото ТВ-филмМонахиња во Тирана
1997Џипси меџик ТВ-филмЦиганка
2001Прашина ТВ-филмБордел
2004Големата вода ТВ-филмВтората наставничка
2007Сенки ТВ-филмКалина
2010Мајки ТВ-филмБабата
2011Панкот не е мртов ТВ-филмМилка
2012Вратите ТВ-филмСтарата дама
2012Трето полувреме ТВ-филмМајката на Димитри
2013Само за губитниците ТВ-филмБабата
2014До балчак ТВ-филмБабата на пенџер
2015Последниот Македонец ТВ-филмБабата
2016На Млечниот Пат ТВ-филмСвекрвата
2016Ослободувањето на Скопје ТВ-филмБаба Вида
2017Кога денот немаше име ТВ-филмБабата на Петар
2018Година на мајмунот ТВ-филмБабата од селото
2018На Млечниот Пат ТВ-серијаСвекрвата
2019Врба ТВ-филмСребра
2021Небесата горе ТВ-филмМара
2022Кајмак ТВ-филмНатка
  1. „Почина глумицата Ратка Радмановиќ“. radiomof.mk. 3 октомври 2023. Архивирано од изворникот 2023-10-03. Посетено на 7 октомври 2023.
  2. „Ratka Radmanovic“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]