Бедија Беговска
Изглед
| Бедија Беговска | ||
| Родена | 22 јануари 1951 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ | |
|---|---|---|
| Националност | Македонка | |
| Народност | Турчинка | |
| Позната | по улогите во: Преку езерото Збогум Румелија Трето полувреме Преспав Горчлива цреша | |
| Занимање | глумица | |
Бедија Беговска (р. 22 јануари 1951 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Биографија
[уреди | уреди извор]Од 1971 година, таа работела во Театарот на народностите - Скопје (сега го носи називот Турски театар - Скопје). Пишувала драмски текстови за деца.[1]
Филмографија
[уреди | уреди извор]Беговска ги остварила филмските улоги:[2]
| Година | Филм | Улога |
| 1976 | Цимерите од соба 306 ТВ-филм | |
| 1979 | Курирот на Гоце ТВ-серија | Усева |
| 1982 | Илинден ТВ-серија | |
| 1986 | Климент Охридски ТВ-филм | |
| 1987 | Трст виа Скопје ТВ-серија | |
| 1993 | Македонска сага ТВ-филм | Мајката на Џемиле |
| 1993 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
| 1997 | Преку езерото ТВ-филм | Лефтелија |
| 2002 | Наше маало ТВ-серија | Продавачката на цвеќе |
| 2005 | Контакт ТВ-филм | Мајката на Жана |
| 2006 | Мост ТВ-филм | Темјана |
| 2007-2009 | Збогум Румелија ТВ-серија | Бедија Ханим |
| 2010-2013 | Македонски народни приказни ТВ-серија | Свекрвата |
| 2012 | Последно лето на Балканот ТВ-серија | Сузан |
| 2012 | Трето полувреме ТВ-филм | Ребека |
| 2015 | Лимоната ТВ-филм | Мајката на Сакир |
| 2015 | Мутлу оп Јетер ТВ-серија | Рона |
| 2017 | На терапија ТВ-серија | др. Вера Арсич |
| 2018 | Преспав ТВ-серија | Хелга |
| 2020 | Горчлива цреша ТВ-филм | Мајката |
| 2020 | Те дуа, жими мене ТВ-филм | Јаска |
| 2021-2024 | Преспав ТВ-серија | Хелга |
| 2022-2023 | Балканска приказна ТВ-серија | Нина |
| 2025 | Јас се викам Ајламаз ТВ-серија |
Награди
[уреди | уреди извор]- Награда за најдобра женска улога за улогата на ликот Круша во „Кавкаски круг со креда“, доделена од страна на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп (1989)
- Награда за најдобра женска улога за улогата на ликот Серап во „Стари фотографии“, доделена од страна на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп (1992)
- Награда за најдобра женска улога за улогата ликот Ќосем Султан во „Лудиот Ибрахим“, доделена од страна на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп (1999)
- Награда за најдобра женска улога за улогата на ликот Ќосем Султан во „Лудиот Ибрахим“, доделена од страна на МЕС Сараево (2000)
- Награда „11 Октомври“ (2021)
- Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (2022)
- Орден за заслуги за Македонија (2024)[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 138. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ „Bedija Begovska“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.
- ↑ „Орден за заслуги за Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски“. Архивирано од изворникот на 2024-01-31. Посетено на 30 јануари 2024. од Вечер