Петре Арсовски
Петар Арсовски | ||
Роден | 12 јуни 1945 Мокрени, Велешко | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Среќна Нова ’49 Истрел | |
Занимање | глумец |
Петар Арсовски (р. 12 јуни 1945 во Мокрени, Велешко) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Животопис[уреди | уреди извор]
Петар Арсовски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Првата улога Петре Арсовски ја остварува во 1968 година во претставата „Венецијански близнаци“ во улога Првиот полицаец, чија премиера била одржана на 12 декември 1968 година. Во текот на својата театарска кариера, учествувал во глумење на 52 ликови на сцената на МНТ, како и 15 ликови на други сцени од други театри.
За првпат на филм се појавил во играниот филм „Македонскиот дел од пеколот“ во 1971 година. Во 1974 година се вработил во Македонскиот народен театар каде се пензионирал во 2009 година. И покрај пензионирањето, Арсовски продолжил со играњето во претстави и филмови.
Во 2018 година по повод 50 години од својата актерска кариера, Арсовски направил изложба во фоајето на Македонскиот народен театар[1]. Добитник е на повеќе награди и признанија.
Живее и работи во Скопје.
Филмографија[уреди | уреди извор]
- 2018 Ефектот среќа [2]
- 2017 На терапија
- 2017 Сенки над Балканот [3]
- 2016 Златна петорка
- 2016 Ноќно живеење
- 2015 Siska Deluxe
- 2015 За кралот и татковината
- 2014 До балчак
- 2013 Равна Гора
- 2013 Балканот не е мртов
- 2012 Трето полувреме
- 2011 Ова не е американски филм
- 2009 На изгрејсонце
- 2007 Стапица
- 2006 Американецот
- 2006 Мост
- 2006 Патувања со рабробил
- 2006 Стрмоглави
- 2006 Караула
- 2005 Бал-кан-кан
- 2005 Обични луѓе
- 2004 Големата вода
- 2003 Едно од лицата на смртта
- 2003 Седум приказни за љубовта и свршувањето
- 2002 Заведени
- 2002 Вампирџија
- 2001 Во светот на бајките
- 2001 Одмазда
- 2000 Је ли јасно пријатељу?
- 1998 Збогум на 20 век
- 1998 Салон Хармони
- 1997 Џипси меџик
- 1995 Ангели на отпад
- 1995 Македонски народни приказни
- 1993 Крик на немиот индијанец
- 1993 Бог да ги убие шпионите
- 1992 Заминување од Пасквелија
- 1991 Тетовирање
- 1990 Трст виа Скопје
- 1986 Среќна Нова ’49
- 1985 Бушава азбука
- 1985 Јазол
- 1985 На наш начин
- 1984 Белото Циганче
- 1984 Нели ти реков
- 1984 Опасни траг
- 1983 Записник
- 1982 Илинден
- 1982 Јужна патека (филм)|
- 1981 Булки крај шините
- 1980 Време, води
- 1977 Нели ти реков
- 1977 Пресуда
- 1977 Итар Пејо
- 1977 Најдолгиот пат
- 1975 Јад
- 1975 Волшебното самарче
- 1974 Средба
- 1973 Смилевскиот конгрес
- 1973 Добра долина
- 1972 Истрел
- 1971 Македонски дел од пеколот
Награди[уреди | уреди извор]
- 2018 - награда „11 октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста[4]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Изложба за 50 години актерска кариера на Петре Арсовски“. kurir.mk. 18 декември 2018.
- ↑ „Почна снимањето на „Ефектот на среќа" на Борјан Зафировски“. Нова Македонија. 27 октомври 2017.
- ↑ „Петар Арсовски после премиерата на Сенките над Балканот во Битола“. Тера телевизија. 27 септември 2017.
- ↑ Доделување на наградата 11 октомври на семрежното место на Собранието на Република Македонија
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Петре Арсовски на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)