Прејди на содржината

Емил Рубен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Емил Рубен
Роден 17 јули 1948(1948-07-17)(76 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Истрел
Збогум на 20-тиот век
Контакт
Трето полувреме
Големата вода
Бал-кан-кан
Занимање глумец

Емил Рубен (Скопје, 17 јули 1948) — македонски филмски и театарски глумец.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Емил Рубен се школувал во Скопје и во Загреб, а во 1971 година дипломирал на Академијата за филм и театар во Загреб. Истата година се вработил во МНТ. Во 2001 година ја добил наградата „13 Ноември“.[1][2]

Филмска кариера

[уреди | уреди извор]

Својата филмска кариера Рубен ја започнал како дете. Во 1954 година, на шестгодишна возраст, бил избран да ја игра улогата на Жарко во филмот „Тие двајцата“ на Жорж Скригин кој бил премиерно прикажан во 1955 година. Две години подоцна снимила два филма во кои ги играл главните улоги: „Малиот човек“ (1957) на Жика Чукулиќ и краткометражниот филм „Бунт на куклите“ на Димитрие Османли.[1][2]

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Театарска кариера

[уреди | уреди извор]

Првата театарска улога ја остварил во 1960 година, кога гостувал во претставата „Колибата на чичко Том“, изведена од учениците на денес поранешната Учителска школа. Професионалниот театарски ангажман го почнал во сезоната 1966/67, играјќи во претставата „Случајот во Виши“ во режија на Димитар Ќостаров, а во изведба на МНТ.[1][2]

Театарски претстави

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „Рубен Емил“. Кинотека на Македонија.
  2. 2,0 2,1 2,2 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.