Димитрие Османли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Димитрие Османли.jpg
Роден 29 мај 1927
Битола, денешна Македонија Македонија
Починал 13 март 2006
Скопје
Националност Македонец
Познат по режијата на:
Мирно лето
Мементо
Ангели на отпад
Занимање режисер


Димитрие Рули Османли (Битола, 29 мај 1927 - Скопје, 13 март 2006) — првиот македонски дипломиран филмски и театарски режисер , наш прв автор на игран филм („Мирно лето“), автор на првата ТВ-драма („Домот на мојот татко“) и на првиот ТВ филм („Враќање во рајот“) снимени во студиото на ТВ Скопје.

Биографија[уреди | уреди извор]

Димитрие Османли дипломирл на отсекот за режија на Театарската академија во Белград во 1952 година. Специјализирал во Париз од 1963 до 1962 година. Работел како уметнички раководител и режисер во Народниот театар Битола (1953-1954). Бил раководител на уметничката реализација и режисер во Радиотелевизија Скопје (1965-1969). Уредник е на Забавната програма и режисер во Радио-телевизија Скопје (1969-1972).

Димитрие Османли бил продекан од Одделот за драмска уметност при Факултетот за музичка уметност и прв декан на осамостоениот Факултет за драмски уметности во Скопје.

Освен горните творби, Османли реализирал и серија од едночасовни музичко-забавни ТВ емисии под наслов „Млади за млади“; Пет новогодишни едночасовни музичко-забавни ТВ емисии; на музичките продукции „101-от километар“ и „Веселата дружина“. Автор е на поголем број сценарија за своите творби од сите жанрови.

Режирал повеќе од 90 театарски претстави на дела од различни автори, жанрови, епохи и театарски средини. Неговата претстава „Без крилја“ од Вуди Ален режирана во театарот од Воден (Едеса) во 1982 година ја добила првата награда на Грчкиот национален фестивал на алтернативни театри во Коринт, Грција.

На 11 март 2003 година се одржала премиерата на неговата театарска режија на претставата „Спилиони“ во битолскиот Народен театар, а кон крајот на 2005. и неговата последна театарска режија, Аристофановите „Жени во народното собрание“ на сцената на МНТ. На репертоарот на Македонскиот национален театар, веќе 15 сезони, со 200 изведби, се уште се игра неговата постановка на „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ како жива театарска трага од неговото богато сценско присуство.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Прва награда за режија на Фестивалот за документарен филм, за филмот Дванаесетте од Папрадник (Белград, 1965);
  • Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда (1966);
  • Награда на град Скопје 13 Ноември за режија на филмот Мементо (1968);
  • Орден на трудот со златен венец за филмска и театарска творечка дејност (1979);
  • Награда 11 Октомври за животно дело (1985);
  • Признание Крупен план од Институтот за филм во Белград (1987);
  • Голема златна плакета на Филмскиот фестивал Браќа Манаки за афирмација на Фестивалот (Битола, 1990);
  • Награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински (Прилеп, 1999)[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]