Томислав Османли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Томислав Османли (Битола, 1956) е македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Османли создава во повеќе диспиплини. Автор е на 28 објавени книги: проза, драми, сценарија, теорија и есеистика.

Автор е на три романи преведени и во странство.

Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика, како и со теорија на драмски затемелените вербо-визуелни медиуми. Објавувал публицистички и теоретски текстови во речиси сите македонски и во голем број екс-југословенски списанија. Бил член на редакциите на списанијата “Идеје” (Белград), “Разгледи”, "Културен живот", "Театарски гласник" и "Macedonian PEN review" (Скопје).

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр.185 - 186.

Неговата студија “Филмот и политичкото” (1981) во националната филмска историја (Кинотека на Македонија, “Кинопис” бр. 13 и др.) се бележи како првата македонска теоретска книга посветена на Седмата уметност, а теоретската книга “Стрип запис со човечки лик” (1987. и 2002.) е сè уште е единствената македонска теоретска книга посветена на уметноста и на медиумот на стрипот. Со овие две книги Т. Османли отвора пионерски домени во теоријата на овие две актуелни, драмски фундирани дисциплини.

Член е на Друштвото на писателите. Член е на македонскиот ПЕН трипати избиран во неговото Претседателство. Бил претседател на Филмската младина на Македонија, претседател на Советот на Младиот отворен театар, член на Советот на Републичкиот секретаријат за Образование, наука и култура, член на Комисијата за културни односи со странство и на други општествени тела.

Двапати е именуван за Претседател на УО на "Кинотеката на Македонија" која фукција ја обавува и денес. Член е и на УО на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

Од 1976 година работел како новинар и уредник, секогаш на рубрики или програми од културата: уредник на "Координати", месечниот прилог за култура, наука и уметност на неделникот "Млад борец", заменик главен уредник на весникот "Млад борец", новинар во македонското издание на весникот „Комунист“, потоа уредник за култура на магазинот "21" на којшто тој му го предложи и името, уредник-коментатор во дневниот весник "Нова Македонија" и во тек на 18 години одговорен уредник на културно-уметничката програма на Телевизија "Телма" во Скопје се’ до нејзиното укинување во 2015 година.

Денес е слободен уметник; писател, сценарист и драмски автор со бројни меѓународни референци.

За својата разновидна уметничка и новинарска работа, добитник е на близу дваесет уметнички, стручни и државни награди.

Меѓународни референци[уреди | уреди извор]

Неговите книжевни и драмски творби се преведени на: англиски, француски, полски, српски, хрватски, грчки, турски, бугарски, романски, арапски, хебрејски... како и на Ладино, јазикот на сефардаските Евреи.

Пиеса “Двајца во Еден” (Two in Eden) поставена на сцената на академскиот театар John W. Gainse во градот Newport News во 1998, потоа беше селектирана и прикажана на театарскиот Blue Ridge Festival во Ричмонд, Вирџинија, САД. Таа пиеса е преведена и објавена на интернет и на романски и српско-хрватси јазик.

Во 1984 и 1987, телевизиските филмови „Ѕвездите на 42-та“ и „Скопски сновиденија“ работени според неговите претходно наградени сценaрија, станаа добитници на награди за режија на југословенскиот ТВ фестивал во Неум, БиХ.

Играниот филм “Ангели на отпад” (Angels of the Dumps) работен според неговото сценарио, покрај селекцијата на меѓународните фестивали во Каиро селектиран меѓу финалистите за највисоката фестивалска награда, како и на меѓународните фестивали во Сан Диего, на фестивалот на уметничкиот филм во Белград и на др претставувања. Филмот беше прикажан во Националното кино (National Film Theater) на Кенеди центарот (Kennedy Center) во Вашингтон (Washington, DC), САД, на специјална дводневна програма на Американскиот филмски институт (American Film Intitute, AFI - June 1998, Macedonian director Dimitri Osmanli with Angels of the Dump).

Со книгата драмски текстови “Ѕвездите над Скопје” (The Stars over Skopje), заедно со 12 други автори од балканските литератури, Томислав Османли беше воведен во Книжевниот годишник на престижната Encyclopedia Britannica за 2001. година.

Списанието “Književna revija” од Осиек на хрватски јазик ја објави неговата театарска пиеса “Апокалиптична комедија” во 2000 година. Кон крајот на 2004 година. и реномираната издавачка куќа University Studio Press од Солун/Атина истиот драмски текст го издаде и во посебна книга на грчки јазик.

Дел од неговата новела “Сликата на тетка Рашела” објави угледниот неделник Forward (2004) се појавува повеќе од едно столетие во Њујорк со репутација на книжевен простор во кој објавувал Исак Башевис Сингер, а до денес и Ели Визел[1]. Оваа новела во превод на полски јазик ја објави угледното европско списание Красногруда, српските списанија “Кораци” и “Улазница” и сефардското списанието Los Muestros (2009) кое се појавува во Брисел. Ова списание во повеќе свои броеви ги објави сите девет прози на книгата јудео-балкански раскази и новели „Светилка за Ханука“, најнапред на англиски јазик, а потоа одново, четири од тие прози, и на јудео-шпански јазик (Ладино). Во 2015 година, расказот на Османли „Свадбата на Дорќол“ беше објавена во тробројот 34-36 на српското списание за литература, уметност и култура „Sent“ од Нови Пазар. Расказот е дел од книгата „Светилка за Ханука“, објавена во „Форум“ во 2008 година, а подоцна од „Икона“ во 2014 година.[2]

За книгата раскази и новели „Светилка за Ханука“[3] Османли во Македонија ја доби наградата „Прозни мајстори“ во 2009 година.

Во 2010 романот „Дваесет и првиот“ стана добитник на наградата Роман на годината на „Утрински весник“. Оваа книга накнадно беше избрана за македонски кандидат на наградата „Балканика“ за 2009.

Томислав Османли од грчки јазик во 2011 година го преведе клучното дело на Никос Казанѕакис неговата филозофска поема „Духовна вежба - Salvatores dei“ или „Аскеза“.

Наградата „Урбан“ (2013) му беше доделена за неговиот комплексен роман „Зад аголот“.

Во 2018 година за песната „Љубов“ ("L`Amore") Османли ја доби за првпат доделената, Прва награда на меѓународниот конкурс „Angelo La Vecchia- Анте Поповски“ во универзитетскиот град Каникати (Canicattì) на Сицилија, Италија.

Истата година му припадна една од двете највисоки државни награди, „Св. Климент Охридски“ доделена за богатото и разнородно творечко дело.

Со оригиналната прозна книга „Парадоксикон“, стана лауреат и на книжената награда „Рациново признание“ за 2020 година.

Творештво[уреди | уреди извор]

Книги[уреди | уреди извор]

  1. “Филмот и политичкото”, издание “Млад борец”, Скопје, 1981 – Прва теоретска книга за филмот во Македонија; прва книга на тема филм-политика во поранешна Југославија; промовирана во Институтот за филм во Белград, 1982
  2. “Стрип, запис со човечки лик”, издание “Млад борец”, Скопје, 1987 – Прва и сè уште единствена книга од областа на стрипот во Македонија; книга на годината во Југославија според сараевски “Наши дани”; втор настан во доменот на стрипот во Југославија според загрепски “Полет”
  3. “Скопски диптих”, сценарија, изд. “Студентски збор”, Скопје 1991 – две наградени долгометражни играни сценарија
  4. “Медиумот што недостасува”, урбани есеи, изд. “21”, Скопје 1992 и изд. „Бегемот“, Скопје, 2020
  5. “Ослушнувања во глуво доба”, политички есеи, изд. “21”, Скопје 1993
  6. “Пеперутката на детството”, раскази, “Мисла”, Скопје ,1993
  7. “Двајца во Еден”, пиеса (на македонски и англиски) и стрип со Александар Сотировски, “Ѓурѓа”, Скопје, 1995
  8. “Новиот цар”, божиќна мистерија, “Ѓурѓа”, Скопје, 1998 – Прва театарска пиеса на библиска тема во Македонија, "Арс ламина", Скопје, 2017
  9. “Ѕвездите над Скопје”, пиеси, Дирекција за култура, Скопје, 2000 – Наслов селектирана во годишникот на Encyclopedia Britannica 2001
  10. “Виолетни светлини и сенки, раскази, “Матица македонска”, Скопје 2001 – Со првонаградената холокауст новела “Сликите на тетка Рашела”
  11. “Стрип, запис со човечки лик”, Млад борец", Скопје, 1987; второ дополнето издание, “Култура”, Скопје 2002
  12. “Пат за Парамарибо/Trip to Paramaribo”, драма, “Култура”, Скопје 2003
  13. “Игри низ жанровите”, избор на драми, “Култура”, Скопје 2004
  14. “Приказни од Скопје”, “Култура”, Скопје раскази, 2004
  15. “Апокалиптична комедија/Apocalyptic comedy”, “Култура”, Скопје драма, 2006 ; "Ματζέστικ", University studio press, Θεσσαλονίκη 2004.
  16. “Луѓе од меѓувреме”, три сценарија од различни жанрови, “Блесок”, Скопје, 2008
  17. “Светилка за Ханука”/Lamp for the Festival of Light, јудео балкански раскази и новели, “Форум”, Скопје, 2008.
  18. “Каприча”, раскази, “Магор”, Скопје 2009.
  19. “Дваесет и првиот”, роман, “Блесок” 2009.
  20. “Граѓански простор“, студија, “Блесок“ 2011.
  21. “Зад аголот“, роман, “Магор“, 2012.
  22. "Бродот.Конзархија", роман, дистопија, 2016.
  23. "Океан од слики", збирка раскази и каприча, 2018
  24. "Тајното братство на носталгичарите", 2018
  25. "Драми за Скопје", книга 1 & книга 2, 2019
  26. "Нови драми"- две пиеси: "Нишала од злато" и "Враќање дома", 2019
  27. "Најстари приказни" - Митови од мугрите на западната цивилизација, 2020
  28. "ПараδΩξicoN"/"Парадоксикон" - фантазии, очудувања, каприча, фарси и гротески - парадокси во проза, 2020

Раскази во списанија и антологии[уреди | уреди извор]

  • “Скопски раскази”, антологија, избор д-р Васил Тоциновски, Дирекција за култура и уметност, Скопје, 1996
  • “Ден за Скопје”, Табернакул, Скопје 1998
  • “Maketa”, savremena makedonska kratka priča, izbor na акад. Katica Ќulavkova, izdanie Ѕpski PEN, Beоgrad, 2001
  • “Скопските Евреи”, избор на текстови, ”Глобус-Китано“, Скопје, 2002
  • “Carski rez”, Skopje 2001, izdanie na Internet
  • “Sodobnost”, br. 5-6/ 2003, Ljubljana
  • “Макeдонската литература в новия век”, избор, издание на бугарскиот ПЕН, София 2006
  • “Ulaznica”, Zrenjanin, Srbija, br.199-200, 2006
  • „Кораци“, Крагујевац, Србија, 2006
  • Рассказы  македонских писателеи“, антологија, избор и превод Олга Панкина, издание “Окоём”, Москва 2009
  • “Transcript”, bi-monthly review of books and writing from around Europe, by Literature Across Frontiers, issue on Macedonia - University of Wales, Aberystwyth, Great Britain,  No.35/2009
  • “Тешка ноќ”, антологија на современиот македонски фантастичен раказ, книга на Д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, „Магор“, Скопје, 2009
  • “Современная македонская пъеса”, избор и превод Олга Панкина, издание “Окоём”, Москва 2010
  • “ŻEGLARZE PAMIĘCI”, Antologia współczesnej literatury macedońskiej, Wydawnictwo Naukowe UAM, Poznań, Połska 2009
  • “Dont’t You FYROM Me”, suvremena makedonska priča, “Književna revija” br.2-3, Osjek, Hrvatska - 2009
  • “Siécle 21 ”,  Literature&societe, « Renaissance des Balkans », nouvelle «Eté : du Sable dans les cheveux» , Paris, France, No.19/2011
  • “Otočje-O”, sovremen raskaz, Slovenija, 2011
  • “Ulaznica”, Zrenjanin, Srbija, br.229-230, 2012
  • “Акт”, br.50, Ваљево, Србија, 2012
  • “KontraPress”, Svadba na Dorćolu, e-portal, Srbija, 8 декември 1013
  • “KontraPress”, Džepovi generala Kondijevića, e-portal, Srbija, 11 јуни 1014
  • “KontraPress”, Slika tetka Rašele, e-portal, Srbija, 11 март 1015
  • “Sent”, književni časopis, Novi Pazar, Srbija, br. 34-36, Srbija, 2015
  • “Kisufim”, Identity and Otherness, Israel, 2015
  • “Tema”, Hrvatska, br.5-6/2016
  • “ Los Muestros”, La voix des sépharades, Bruxelles, Belgiе - раскази во превод на англиски јазик во повеќе броеви: No. 71/2008, No. 81/2010, 82/2011, 83/2011, 84/2011, 85/2011, 86/2012, 87/2012, 88/2012, 89/2012
  • „E Sefarad“, e-portal, Argentina, 24.09 – 2016
  • „Мостови“, br. 157-158, 2013 i бр.169-170, 2016, Београд, Србија
  • „Akt”, No.67-69, Serbia, 2016
  • „Bombagiu”, e-portal, Italia, Il cielo di Sukkot, 6. декември 2016
  • „Bombagiu”, e-portal, Italia, Il piccolo Nemo nella divisa di Corto Maltese – Prima parte, 14 јануари 2017
  • „Bombagiu”, e-portal, Italia, Il piccolo Nemo nella divisa di Corto Maltese – Seconda parte, 15 јануари 2017
  • „Književna Sehara“, BiH, 2017
  • „Zent“, br.2, Beograd, Srbija, 2017
  • „E Sefarad“, e-portal, Argentina, 19.02 - 2017
  • „Proletter“, e-portal, Crna Gora, 15.03 - 2017
  • „Plima“, e-portal, Crna Gora, 15.04 – 2017
  • „Sent“, književni časopis, Novi Pazar, Srbija, 2017
  • „Život“, časopis za književnost i kulturu, Sarajevo, BiH, Avgust-Kolovoz 2017
  • „Eckermann“, Vertikala Duška Krsteva - web časopis zaknjiževnost Novi Pazar, Srbija, br. 18, Nov.-Dec, 2018;
  • „Eckermann“, web časopis zaknjiževnost Novi Pazar, Srbija, br. 21, Maj-Jun, 2019
  • „Contemporary Macedonian Fiction“, Inflated, grotesque story - published in this Anthology, Edited and tanslated by Paul Filev,  Dalkey Archive Press, McLean IL/Dublin, 2019
  • „Sinhro.rs“, Zapis - portal na književnost i kulturu čitanja, Beograd, Srbija, 04.04.2020
  • „Ανθολογία της βαλκανικής διηγηματογραφιας“, расказ/διήγημα „Το καπέλο του καθηγητή Ντάστεβσκι" - ανθολογία Σάτυρου Γ. Ντάγιου, εκδόσεις Literatus, Θεσσαλονίκη, 2020
  • и други

Долгометражни играни сценарија[уреди | уреди извор]

  • “Луѓе без адреса”, 1976 - Втора награда на конкурсот за сценарија на МТВ. Не е реализирано.
  • “Ѕвездите на '42-та”, 1984 - Прва награда на конкурсот за сценарија на МТВ; Награда за режија на Јане Петковски Ју ТВ фестивалот во Неум
  • “Скопски сновиденија”, 1987 - Откуп на конкурсот за сценарија на МТВ; Награда за режија за Димитрие Османли на Ју ТВ фестивалот во Неум
  • “Ангели на отпад”, 1994 - селектиран на поголем број меѓународни филмски фестивали и презентации: Каиро, Сан Диего, Белград, Пула, Рим, Вашингтон
  • “Смок лета по небото”, 1999 - Трета награда (прва и втора не беа доделени) на конкурсот за сценарија на МТВ - реализирано под насловот „Стрмоглави“, 2006
  • “По повод Манаки”, 2008 - монтажна персифлажа за Балканот во режија на Дарко Митревски

Пиеси и сценски проекти

  • “Салон Бумс”, сатирична комедија, 1987
  • “Мементо за еден Град”, мултимедијална повест, 1993
  • “Немирни сенки”, филмско кабаре, 1993
  • “Двајца во Еден”, камерна пиеса, 1995
  • “Светулки во ноќта”, драма, 1997
  • “Новиот цар”, божикна мистерија, 1998
  • “Апокалиптична комедија”, лирска гротеска, 1999
  • “Техно ѕвезда”, драма, 2000
  • “Пат за Парамарибо”, пиеса, 2001
  • "Пруга за ледната пролет", сценски приказ, сцената на Драмски театар Скопје, 2009
  • “Уште едно небо”/“Облачна исповед”, монодрама 2000/2002 – Прва награда на 4. Фестивал на монодрамата во Битола, октомври 2002.
  • "Нишала од злато", историска драма, 2018
  • “Враќање дома”, драма, 2019

Книжевни творби и есеи во периодика[уреди | уреди извор]

  • “The Boiling Pot Called Skopje”, “Krasnogruda” Nо.8, 1998, Sejny-Stockholm
  • “The Boiling Pot Called Skopje”, “Macedonian review”, вол.XXVIII, No.1, 1998, Skopje
  • “Светулки во ноќта”, “Културен живот”, бр.1/1998, Скопје
  • “Двајца во Еден”, “Блесок”/”Shine”, интернет списание бр.12/2000
  • “Апокалиптична комедија”, “Књижевна ревија” бр.1-2, Коловоз 2000, Осијек, Хрватска
  • “Aunt Rashela's Photograph”, “Krasnogruda” Nо.12, December 2000, Sejny, Poland
  • “Техно ѕвезда”, “Културен живот” бр.3, 2000, Скопје
  • Враќање дома”, “Балкански књижевни гласник” бр.40, Београд, Србија, 23 ноември 2019
  • (и бројни други објави)

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник е на поголем број награди за својата сценаристичка, драматуршка, критичарска и новинарска дејност, меѓу нив:

  • два пати добитник на Наградата “13. ноември” - за сценариото “Ѕвездите на 42-та” (1987); и за повеќегодишна драматуршка дејност (2002.);
  • на три признанија на конкурси на МТВ за долгометражни играни сценарија: Втора награда за сценариото “Луѓе без адреса” (1976.); Прва награда за сценариото на “Ѕвездите на ’42-та” (1984.) и Откуп за сценариото “Скопски сновиденија” (1987);
  • Наградата за критика за филмско-критичарската дејност, (1986.);
  • Плакета на НОМСМ за новинарство и дејноста во весникот “Млад борец” (1986.);
  • Наградата за новинарство “Крсте П. Мисирков” (1992.);
  • Прва награда на конкурс на Фондацијата “Отворено општество” за сценарио за комплетно осмислената интер-етничка медиска кампања “Заедно до надежта” (1993.);
  • Трета (и единствена) награда на конкурсот на МТВ за играно сценарио за “Смок лета по небото” (1999.);
  • Прва награда на Фондацијата “11 март 1943.” при МАНУ за холокауст новелата “Сликата на тетка Рашела” (1999.) ;
  • Прва награда на конкурсот на Фестивалот на монодрамата во Битола за монодрамата “Уште едно небо” (2002.);
  • Државна награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ за публицистика за второто издание на неговата книга “Стрип-запис со човечки лик” (2004);
  • Награда „Мајстори на прозата“ за книгата јудео-балкански есеи „Светилка за Ханука“ (2009);
  • Награда „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за романот „Дваесет и првиот (книга на фантазми)“ (2010); [4]
  • Награда „Урбан“ за романот „Зад аголот“ (2013);
  • Прва награда за песната „L`Amore“ на меѓународниот конкурс „Angelo La Vecchia-Antevo slovo“ во Canicatti, Italia (2017);
  • Државна награда „Св. Климент Охридски“ - највисоко општествено признание за долгогодишни остварувања во културата и уметноста од интерес за Република Македонија (2018);
  • Награда „Рациново признание“ за „Парадоксикон“, најдобра прозна книга меѓу две Рацинови средби (2020)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. January 21; 2005. „Tomislav Osmanli - A Macedonian Story: 'Aunt Rachel's Photograph'. The Forward (англиски). Посетено на 2019-05-04.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  2. „Новела на Томислав Османли објавена во Сент“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 14.
  3. „EL SIELO DE SUKOT – Tomislav Osmanli | I.S.E. - Institut Sepharade Europeen - E.S.I.“. sefarad.org. Посетено на 2019-05-04.
  4. Бубевска, Александра (16 март 2010 16:16). „Наградата роман на годината за Томислав Османли“. А1. Посетено на 2010-03-23. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  • Онлајн промоција на книгата митови „Најстари приказни“, Libi, Ars Lamina, Скопје, 2020. https://www.facebook.com/literatura.mk/videos/700778464069296/
  • Filmska enciklopedija, tom 2, Hrvatski leksikografski zavod, Zagreb, 1989
  • Филмското столетие во Македонија, “Кинопис” бр. 13, тројазично издание на македонски, англиски и француски, Кинотека на Македонија, Скопје 1995.
  • The Macedonian film, special issue of the German periodical “Kino”, 1997.
  • Encyclopedia Macedonica 1999, Семос Мултимедиа, Скопје 1999
  • Македонскиот игран филм, книга втора, Кинотека на Македонија, 2000
  • Векот на филмот во Македонија, CD ROM на Кинотека на Македонија, Скопје, 2001.
  • Yearbook 2001 - Encyclopedia Britannica, Лондон, 2001.
  • Театарот на македонска почва - CD ROM енциклопедија, на македонски и англиски јазик, Институт по театарологија на ФДУ, Скопје, 2002.
  • Maccinema - оn-line сајт на Македонската кинотека за македонскиот филм
  • (и во бројни други извори)