Звездана Ангеловска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Звездана Ангеловска
Звездана Ангеловска.jpg
Роден 12 јуни 1970
Скопје
Националност Македонка
Занимање глумица

Звездана Ангеловска (Скопје, 12 јуни 1970) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, и режисерка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Звездана Ангеловска е родена на 12 јуни 1970 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владимир Милчин во 1993 година. Се дообразувала на Државната театарска академија на уметностите во Санкт Петербург, на отсекот за театарска режија во класата на Јуриј Красовски, каде што се стекнала со звањето магистер на театарските уметности во 2007 година. Во периодот од 1995 до 1999 година во Драмскиот театар - Скопје, а од 1999 година работи во Македонскиот народен театар.[1]

Театрографија[уреди | уреди извор]

Глума
  • Клитемнестра — „Евмениди“ од Есхил, р. Горан Тренчовски, МКЦ, 1993;
  • Антигона — „Антигона“ од Душан Јовановиќ, р. Ленка Удовички, Народен театар - Куманово, 1993;
  • „Музичко кабаре“, р. Боњо Лунгов, МНТ, 1993;
  • Невестата — „Гор јаболко“ од Д. Наневски, р. Боњо Лунгов, Скопско лето, 1993;
  • Исмена — „Жена“ од Едвард Бонд, р. Владимир Милчин, дипломска претстава при Факултетот за драмски уметности, Скопје и МНТ, 1993;
  • Кристина — „Маратонците го трчаат последниот круг“ од Душан Ковачевиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје, 1994;
  • Ангелина — „Туку така под облака“ од Александар Поповски и Дарко Митревски, р. Александар Поповски и Дарко Митревски, Културен Центар „Мала станица“ - Скопје, 1994;
  • Матурина — „Дон Жуан“ од Жан Батист Молиер, р. Ненад Стојановски, Драмски театар - Скопје, 1994;
  • Кончита Матерацо — „Молам за секс“ од Том Кемпински, р. Коле Ангеловски, Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 1994;
  • Цвета — „Кумови“ од Коле Ангеловски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје, 1995;
  • „Игранка во времето на лунаса“ од Брајан Фрил, р. Александра Ковачевиќ, Драмски театар - Скопје, 1995;
  • Жената — „Циркус Принтимпрам“ од Даниел Хармс, р. Александар Поповски, Културен центар „Мала станица“ - Скопје, 1995;
  • Марија Антоновна — „Ревизор“ од Николај Василевич Гогољ, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје, 1996;
  • Луси — „Питачка опера“ од Вацлав Хавел, р. Горан Тренчовски, Драмски театар - Скопје, 1996;
  • Еуса (Дона Хуана, 1996), автор: Анка Визидеи, режисер: Коле Ангеловски продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Фатима — „Мост“ од Иво Андриќ, р. Сашо Миленковски, Народен театар - Струмица, 1996;
  • Ц — „Три високи жени“ од Едвард Олби, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје, 1997;
  • Соња — „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје, 1997;
  • Глумецот — „Среќата е нова идеја во Европа“ од Јордан Плевнеш, р. Владе Цветановски, Драмски театар - Скопје, 1997;
  • Маргарите — „Фауст“ од Гете, Марлоу и Ман, р. Ѓорѓи Јолевски, Драмски театар - Скопје, 1997;
  • Малечката — „Роберто Зуко“, од Бернар Мари Колтес, р. Дритро Касапи, Драмски театар - Скопје, 1998;
  • Офелија — „Хамлет“ од Вилијам Шекспир, р. Владе Цветановски, Драмски театар - Скопје, 1998;
  • Малина — „Еригон“ од Јордан Плевнеш, р. Владе Цветановски, МНТ, 1999;
  • Летка — „Немушт јазик“ од Блаже Миневски, р. Бранко Ставрев, МНТ, 2000;
  • Анхела — „Хроника на една најавена смрт“ од Габриел Гарсија Маркес, р. Валентин Светозарев, МНТ, 2001;
  • Водениот цвет - Цвета — „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, р. Александар Поповски, МНТ, 2001;
  • Малата — „Павилјони“ од Милена Марковиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2001;
  • Марија Тимофеевна Лебјаткина — „Демони“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 2001;
  • Смилјана — „Грофот Миливој“ од Ристо Крле, р. Димитрие Османли, МНТ, 2001;
  • Марија — „Приказни од западната страна“, р. Снежана Коневски-Руси, МНТ, 2001;
  • Лица — „Ослободување на Скопје“ од Душан Јовановиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2002;
  • Заза Габор — „Пат за Парамарибо“ од Томислав Османли, р. Виолета Џолева, Скопско лето, 2002;
  • Мадам Д’Турвел — „Опасни врски“ од Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, р. Љупчо Ѓоргиевски, МНТ, 2002;
  • Марушка Лазареска — „Писание“ од Живко Чинго, р. Бранко Ставрев, МНТ, 2002;
  • Министерка — „Кутрите мали хрчки“ од Гордан Михиќ, р. Иво Лауренчиќ, Драмски театар - Скопје, 2002;
  • Магда — „Црна дупка“ од Горан Стефановски, р. Сашо Миланковски, МНТ, 2003;
  • Марина Цветаева — „Повест за Соњечка“ според дело на Марина Цветаева, р. Благој Мицевски, Народен театар - Битола, 2003;
  • Ленче — „Бахтале Рома“ според драматизација од Русомир Богдановски, р. Рахим Бурхан, Универзална сала - Скопје, 2004;
  • „Мадам кабаре“ според драматизација од Маја Младеновиќ, р. Наташа Поплавска, Универзална сала - Скопје, 2004;
  • Луција — „Папокот на светот“ од Венко Андоновски, р. Златко Славенски, МНТ, 2004;
  • Ана Франк — „Ана“ според музичка бајка според „Дневникот на Ана Франк“, р. Звездана Ангеловска, Универзална сала - Скопје, 2004;
  • Клитемнестра — „Безимениот“ според „Електра“ од Софокле, р. Елени Бозо, МНТ, 2005;
  • Кукла Неточка — „Неточка-италијанска композиција“ од Фјодор Михајлович Достоевски, Театар „Особњак“ - Санкт Петербург (Русија), 2006;
  • Софија — „Сликата на Софија“ од Маја Стефановиќ, р. Александра Ковачевиќ, МНТ, 2008;
  • Симона Еврард — „Мара/САД“ од Петер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008;
  • Клаудија — „Свето срце“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2010;
  • Кристина — „Госпоѓица Јулија“ од Август Стриндберг, р. Саулиус Варнас, МНТ, 2012;
  • Винченцо — „Изгубени германци“ од Дејан Дуковски, р. Слободан Унковски, МНТ, 2013;
  • Малина Поп-Иванова — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
  • Баба Тила — „Сината птица“ од Морис Метерлинк, р. Златко Славенски, МНТ, 2014;
  • Клитемнестра — „Електра“ според Есхил, Софокле, Еврипид и Жан-Пол Сартр, р. Андриј Жолдак, МНТ, 2014;
  • Првата жена — „Тероризам“ од Владимир и Олег Пресњаков, р. Јордан Симонов, МНТ, 2015;
  • Алма Малер — „Алма Малер“ од Сашо Димоски, р. Васил Зафирчев, МНТ и Арт маркетинг, 2015;
  • Серафима Илинична — „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман, р. Александар Морфов, МНТ, 2016;
  • Ева Гуел — „Госпоѓиците од Авињон“ од Сашо Димоски, р. Ненад Витанов, МНТ, 2018;
  • Ирина Николаевна Аркадина — „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, р. Нина Николиќ, МНТ, 2018.
Режија
  • „Уметноста на војната“ од Шун Цу, Универзална сала - Скопје, 2004;
  • „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел, 2004;
  • „Ана Франк“ според дневникот на Ана Франк, 2004;
  • „Бел театар“, Музеј на Фјодор Михајлович Достоевски - Санкт Петербург (Русија), 2006;
  • „Неточка-италијанска композиција 1 дел“ според дело од Фјодор Михајлович Достоевски, 2006;
  • „Неточка Незванова“, Театар „Особњак“ - Санкт Петербург (Русија), 2007;
  • „Неточка-италијанска композиција 2 дел“ според дело од Фјодор Михајлович Достоевски, 2007;
  • „Маркиза“ од Јукио Мишима, Драмски театар - Скопје, 2009;
  • „Сребрена свадба“ од Габриел Гарсија Маркес, МНТ, 2010;
  • „Вишновата градина“ од Аантон Павлович Чехов, НУ Народен театар - Битола, 2011;
  • „Евгениј Онегин“ од Александар Пушкин, НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ - Велес, 2011;
  • „Кралот Елен“ од К. Гоци, НУ Аљметевск (Русија), 2011;
  • „Така зборуваше Заратустра“ од Фридрих Ниче, НУ Народен театар - Битола, 2012;
  • „Хеда Габлер“ од Хенрих Ибзен, НУ Народен театар - Битола, 2013;
  • „Бесачи“ од Мартин Мекдона, помошник на режисерот Јавор Грдев, МНТ, 2019.

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • „Македонска сага“ од Симон Дракул, р. Бранко Гапо, 1993;
  • Соња Александровна — „Вујо Вања“, р. Душко Наумовски, ТВ-филм, 1997;
  • „Калигула“, р. Миле Гроздановски, ТВ-филм, 1997;
  • Жената со пушка — „Збогум на дваесеттиот век“ од Дарко Митревски и Александар Поповски, р. Дарко Митревски и Александар Поповски, 1998;
  • Сашка Корженска — „Мис Амнезија“ од Марија Џиџева, р. Марија Џиџева, краткометражен филм, 2000;
  • Велика — „Најденка“, р. Блажо Трендафилов, 2001;
  • Ружа Каранфилова — „Бал-кан-кан“ од Дарко Митревски, р. Дарко Митревски, 2005;
  • Жената — „Ти си жива“ од Марија Џиџева, р. Марија Џиџева, краткометражен филм, 2005;
  • Последната жена — „Години на самотија“, р. Филип Кондовски, краткометражен филм, 2005;
  • Халида — „Како да ме нема“ според дело на Славенка Дракулиќ, р. Хуанита Вилсон, 2010;
  • Благуна — „Трето полувреме“, р. Дарко Митревски, 2012;
  • Неда — „Елер“ од Марко Ѓоковиќ, р. Марко Ѓоковиќ, краткометражен филм, 2016;
  • Шпанската жена во депо — „Ослободување на Скопје“ од Данило и Раде Шербеџија, р. Данило и Раде Шербеџија, 2016.
Телевизиски серии
  • „Еурека“, 1991;
  • Маја — „Бумбари во нашиот град“, р. Горан Тренчовски, 1994;
  • „Уа шнајдери“ од Александар Поповски и Дарко Митревски, р. Александар Поповски и Дарко Митревски, 1995;
  • Марија — „Во светот на бајките“, р. Миле Гроздановски, ТВ-бајка, 1996;
  • Заѕиданата сестра — „Мост“, р. Миле Гроздановски, ТВ-бајка, 2000;
  • Мајката принцеза — „Детето Ѕвездан“, р. Томислав Алексов, ТВ-бајка, 2000;
  • „Народни приказни“, 2009;
  • Софи — „Од денес за утре“, 2010-2011;
  • Монашка — „Кум“, р. Тимур Алпатов, 2014;
  • Вера — „Сенки над Балканот“, 2019.

Награди[уреди | уреди извор]

  • „Златна бубамара на популарноста“ за глумица на годината за 2002 г.;
  • Награда за најдобро глумечко остварување „Марина Цветаева“ на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица за претставата „Повест за Соњечка“ во 2003 г.;
  • „Златна бубамара на популарноста“ за глумица на годината за 2004 г.;
  • Награда за улогата на уличниот глумец во изведба на Моника Санторо (Италија-Русија) на Театарскиот фестивал во Ресен во 2007 г.;
  • „Златно јаболко“ на фестивалот „Глумецот на Европа“ за улогата на Неточка Незванова во претставата „Неточка-италијанска композиција 2 дел“.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]