Илко Стефановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Илко Стефановски
Илко Стефановски.jpg
Роден 4 ноември 1952
Битола, СФРЈ СФР Југославија
Починал 6 декември 2011
Битола, Македонија Македонија
Познат по улогите во:
Пред дождот
Трговецот од Солун
Тетовирање
Трето полувреме
Сенки
Македонска сага
Погрешно време
Салон Хармони
Крчма на патот кон Европа
Илинден
Занимање театарски и филмски глумец
Татко Ацо Стефановски

Илко Стефановски (Битола, 4 ноември 1952 - Битола, 6 декември 2011) — македонски театарски и филмски глумец, првенец на Битолскиот народен театар.[1]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1978 Златни години ТВ-серија
1979 Наши години ТВ-серија
1979 Жена од малтер ТВ-филм
1981 Томе од бензинската пумпа ТВ-филм
1981 Булки крај шините ТВ-филм
1982 Време на летела ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1984 Јуначко колено ТВ-серија
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм Кајмакамот
1986 Среќна нова '49 ТВ-филм
1987 Трета доба ТВ-серија
1988 Некоја чудна земја ТВ-филм
1988 Марика лета со Авион ТВ-филм
1991 Тетовирање ТВ-филм
1991 Македонија може ТВ-филм
1992 Заминување од Пасквелија ТВ-филм Ране
1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-филм
1992 Време, живот ТВ-филм
1993 Македонска сага ТВ-филм
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм
1994 Пред дождот ТВ-филм Бојан
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1995 Ангели на отпад ТВ-филм
1998 Салон Хармони ТВ-серија Менде
1998 Збогум на 20-тиот век ТВ-филм
1999 Време, живот ТВ-филм
2000 Погрешно време ТВ-серија Бошко
2001 Прашина ТВ-филм
2001 Одмазда ТВ-филм
2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм Ангел
2007 Превртено ТВ-филм Вратар
2007 Сенки ТВ-филм Доктор Карпузовски
2008 Абсурдистан ТВ-филм Темелко
2010 Мајки ТВ-филм
2012 Трето полувреме ТВ-серија Парталав работник

Животопис[уреди | уреди извор]

Стефановски е роден во Битола во 1952 година. Во родниот град го завршил основното и средното образование. Факултетот за драмски уметности, отсек глумци во класата на проф. Илија Џувалековски го завршил во 1976 година во Скопје. По дипломирањето се вратил во Битола каде ја започнал својата глумечка кариера. Уште од почетокот на кариерата се вброил меѓу најзабележителните глумечки појави не само во својот матичен колектив, туку и во поширокиот театарски простор. Неговите маестрално остварени ролји во претставите: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “, „Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајќи го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, му донеле безброј награди, скоро на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Како глумец блеснал со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програми и сл. Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија - „Охридско лето“, учествувајќи и во проекти надвор од неговата матична сцена. Починал ненадејно на 6 декември 2011 година во Битола.[2]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Добитник е на престижната републичка награда „11 Октомври“ (2006 г.)[3].

Филмски остварувања[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Културен живот. Културно-просветна заедница на Македонија. 2004. Отсутно или празно |title= (help)
  2. „ Почина глумецот Илко Стефановски, на јавноста познат како бате Боле“. Daily.mk. 6 декември 2011. Посетено на 2011-12-06.
  3. „Соопштени добитниците на наградата „11 октомври". Утрински Весник. 2006. Посетено на 2011-12-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]