Катарина Ивановска
Катарина Ивановска | ||
Родена | 18 август 1988 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Занимање | манекенка и глумица |
Катарина Ивановска (родена на 18 август 1988 во Скопје) — македонска манекенка и глумица.
Животопис
[уреди | уреди извор]Својата кариера како манекенка ја започнала во 2004 година на Миланската модна недела по освојувањето на Look Models International кастингот за модели во Македонија[1][2]. Во декември 2004 се појавила во едиторијал за списанието „Elle“, а исто така се има појавено и во „Citizen K“, „Stiletto“ и италијанското и руското издание на Vogue.[1][2] Се има појавено на насловните страни на списанијата „Diva“ и „Máxima“, и во реклами за D&G во 2006. Во 2010, Ивановска се појавила во српско списание „Elle“. Во 2011 потпишала договор за рекламирање на производите на Викторија Сикрет.[3]
Соработувала со агенции како International Scouting Office Belgrade, Women Mgmt Paris, Women Mgmt New York City, Women Mgmt Milan и Select Model Mgmt London. Во Македонија, таа е сметана како еден од најуспешните модели.[4].
Во 2012 година, Ивановска дебитирала како глумица во филмот „Трето полувреме“.[5]
Со партнерот Слободан (Цобе) ги има синот Вања и ќерката Кира.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Katarina Ivanovska Архивирано на 29 јули 2018 г.. New York Fashion.
- ↑ 2,0 2,1 Model Mania. Hint Fashion Magazine. October, 2004.
- ↑ „Катарина Ивановска стана модел на „Victoria's Secret " | press24.mk“. web.archive.org. 2011-10-02. Архивирано од изворникот на 2011-10-02. Посетено на 2020-09-30.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Dnevnik newspaper Архивирано на 28 септември 2011 г. "Најуспешниот топ-модел Катарина Ивановска"
- ↑ Ivanovska, Katarina; Kocev, Sasko; Sammel, Richard; Serbedzija, Rade (2012-09-27), Treto poluvreme, Kino Oko, fx3x, I/O post, Посетено на 2020-09-30
- ↑ „Интервју со Катарина Ивановска: Не делувам наивно за некој да си дозволи да ми понуди непристоен предлог“. Слободен печат. 2020-06-18. Посетено на 2020-09-30.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Катарина Ивановска на Семрежната филмска база на податоци (англиски)