Стапица (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Стапица е американски филм од 2012 година, во режија на Штефан Рузовицки. Главните улоги ги играат: Ерик Бана, Чарли Ханам, Оливија Вајлд, Крис Кристоферсон и Сиси Спејсек.

Содржина[уреди | уреди извор]

Едисон и Лајза се брат и сестра кои се наоѓаат во бегство по лошо изведениот грабеж во едно казино. Поради сообраќајната несреќа во која загинуваат нивниот возач и еден полицаец, тие решаваат да тргнат кон канадската граница. Додека ги гони полицијата, нивните неволји не запираат, зашто им се расипува автомобилот и запаѓаат во снежна бура.[1] [2]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Стапица“, Антена, број 888, 3.7.2015, стр. 27.
  2. Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 28.