Силвија Стојановска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Силвија Стојановска
Родена 1960
Скопје
Националност Македонка
Позната по улогата во:
Комедијанти
Трето доба
Пред дождот
Ослободување на Скопје
Фамилија Марковски
Занимање глумица
Сопружник Ненад Стојановски
Татко Ацо Јовановски
Деца Ана Стојановска

Јана Стојановска

Силвија Стојановска (родена во 1960 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Таа е ќерка на познатиот глумец Ацо Јовановски и сопруга на Ненад Стојановски.

Животопис[уреди | уреди извор]

Во 1982 година дипломирала на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, а веќе следната година се вработила во Драмски театар Скопје.

Позната е по своите улоги во: Комедијанти, Заминувањето од Пасквелија, Пред дождот, Трето доба и Како убив светец.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда на Покраинскиот комитет на Сојузот на Созијалистичката младина на Војводина за најдобар млад глумец на Стерииното позорје во 1984 година за улогата на Кристина во претставата „Дупло дно“ од Г. Стефановски
  • Специјална награда за млад глумец на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Наташа во претставата „Карамазови“ од Д. Јовановиќ.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Стојановска ги остварила филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
1981 Црвениот коњ ТВ-филм Јана
1982 Време на летала ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија Стојанка
1982 Јужна патека ТВ-филм
1983 Премиера ТВ-филм
1983 Кога тетин Клименте шеташе над градот ТВ-филм Калина
1984 Комедијанти ТВ-серија Наивката
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1987 Трета доба ТВ-серија
1987 Случки од животот ТВ-серија
1988 Македонски народни приказни ТВ-серија
1989 Тврдокорни ТВ-серија
1990 Чук Чук Стојанче ТВ-серија
1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија Мајката на Воки
1991 Поштар ТВ-филм Катерина
1992 Време, живот ТВ-филм
1992 Заминување од Пасквелија ТВ-филм Василка
1993 Грев или шприцер ТВ-филм Цвета
1993 Еурека ТВ-серија
1994 Пред дождот ТВ-филм
1999 Време, живот ТВ-филм
2000-2001 Погрешно време ТВ-серија Милка
2001 Одмазда ТВ-филм Зухре
2002 Заведени ТВ-серија
2004 Како убив светец ТВ-филм Стојна
2007 Превртено ТВ-филм Мајка на Павел
2011 Епизодист ТВ-филм Ана Михаела
2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм Ленче
2016 Роденден ТВ-филм Невена
2016 Црвената соба ТВ-филм Силвија
2017 Инсајдер ТВ-серија Кристина
2017-2019 Фамилија Марковски ТВ-серија Лиле Марковска
2019 Последна слика око ТВ-филм Трена

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Silvija Stojanovska“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]