Маја Вељковиќ-Пановска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маја Вељковиќ-Пановска
Родена 1971
Скопје
Националност Македонка
Позната по улогата во:
Бардо
Големата вода
Последниот фалцер
Занимање глумица

Маја Вељковиќ Пановска (родена во 1971 во Скопје) — македонска театарскa, филмскa и телевизискa глумица. Димпломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на Проф. Владимир Милчин. Во 1999 се вработила во Драмски театар - Скопје. Од тогаш реализира главни и споредни улоги во бројни претстави не само во матичниот театар, туку и во другите театарски институции во државата. Од 2023 година е директор на Драмски театар - Скопје.

Театарски улоги[уреди | уреди извор]

  • Мими - Грев или шприцер, од Сашко Насев, р. Деан Дамјановски, ДТС 2011
  • Мартирио - Домот на Бренарда Алба од Е.Г. Лорка, режија Г. Стојановиќ, ДТС
  • Ирина - Три сестри од А.П.Чехов, режија Д.Станковски, ДТС
  • Ангелот - Марисол од Х. Ривера, режија В. Милчин, ДТС
  • Радмила Петровска - Нема да верувате од Н. Вујадиновиќ, режија К.Ристевски, ДТС
  • Пчелка - Како се станува цар од А. Кирјаковска, режија З. Бузалкова
  • М - Копнеж од С. Кејн, режија А. Ивановски, ФДУ
  • Тијана - Слипперѕ Пеопле од В. Т. Рангелова, режија С. Џепаровски, Продукција „О“
  • Жена - Процес Компилација, Н.Т. Бојдан Чернодрински, Прилеп
  • Маре - Тетовирани души од Г. Стефановски, режија, С. Миленковски, ДТС
  • Норвешка Баронеса - Есперанца од Ж. Мирчевска, режија А. Чамински, ДТС
  • Марија - Војцек од Бихнер, режија Б. Драшковиќ, ДТС
  • Проција - Собрани дела Шекспир од Т.Стопард, режија З. Славенски, ДТС
  • Ала Кострова - Кокошка од Кољада, режија В. Талески, НТ Антон Панов, Струмица
  • Елена - Сон на летната ноќ од В. Шекспир, режија Д. Станковски, ДТС
  • Неда - Црнила од К.Чашуле, режија В. Џолева, Независна продукција
  • Јована Орлеанска - Јована Орлеанска од Љ. Георгиевски и Б. Димитров, режија: Љ. Георгиевски, ДТС
  • Антонина Сорина - Земјомер од Кољада, режија В. Милчин, ДТС
  • Соња - Техноѕвезда од Т. Османли, режија В. Џолева, Скопско лето
  • Илсе - Будење на пролетта од Ведекинд, режија З. Славенски, МНТ
  • Исмена - Antigona in Technoland од Софокле, режија Г. Стоев, МНТ
  • Жената - Духот на лименката од Г. Гарванлиева, улогата на, Режија. Г. Тренчевски, НТ Антон Панов, Струмица
  • Слугинката - Жаби од Аристофан, режија Б. Ставрев, МНТ
  • Слатката малечка - Љубовната вртелешка од А. Шницлер, режија Љ. Ѓорѓиевски, НТ Ј. Х. Џинот, Велес
  • Мица - Народен пратеник од Б. Нушиќ, режија Д. Османли, Прод. МНТ
  • Оља - Светулки во ноќта од Т. Османли, режија В. Џолева, Скопско лето
  • Ивон и Помпонет - Кројач за дами, Ж. Фејдо, режија Д. Османли, МНТ
  • Марија - Лаж и паралаж од Ј. С. Поповиќ, режија Е. Савин, МНТ
  • Старица - Лепа Ангелина од Б. Ристески-Платнар, режија В. Милчин, МНТ
  • Цвета - МКС, од В. Чернодрински, режија С. Миленковски, МНТ
  • Лулу - Роденден од Х. Пинтер, режија В. Христов, МНТ
  • Лени - Луна Прима (работена по мотиви на Хамлет од Буњуел), режија Г. Тренчевски
  • Софија Ивановна - Мртви души од Гогољ, режија В. Милчин, МНТ
  • Питија - Орестија, Евмениди од Ајсхил, режија Г. Тренчевски, МКЦ
  • Г-ѓа Смит - Келавата пејачка од Е. Јонеско, режија М. Јаневски, МКЦ
  • Кристина - Госпоѓица Јулија од А. Стримберг, Дипломска претстава
  • Касандра, Синот - Жена од Е. Бонд, Дипломска претстава

Филмографија[уреди | уреди извор]

Вељковиќ-Пановска ги остварила филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
1994-1995 Бумбари ТВ-серија
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1998 Денес, утре ТВ-филм Санела
2002 Наше маало ТВ-серија Продавачка на карти
2003 Последниот фалцер ТВ-филм Венда
2004 Големата вода ТВ-филм
2007 Елегија за тебе ТВ-филм Рахилка
2010-2011 Од денес за утре ТВ-серија Жена 2
2012 Бардо ТВ-филм Мајката
2013 Старо купуем ТВ-филм Цеца
2014 Македонски народни приказни ТВ-серија Царицата
2015 Незрели цреши ТВ-филм
2017-2019 Фамилија Марковски ТВ-серија Вера

Награди[уреди | уреди извор]

  • 1999 Награда за Најдобар млад глумец на Фестивалот Војдан Чернодрински за улогата на Жената во претставата „Духот на лименката“, НТ. Антон Панов, Струмица
  • 2002 Награда за Епизодна улога на Фестивалот Војдан Чернодрински за улогата на Маре, во претставата Тетовирани души, ДТС

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Maja Veljkovic“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]