Прејди на содржината

Марин Бабиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марин Бабиќ
Роден(а)24 октомври 1947
Белград, НР Србија, ФНРЈ
Починал(а)16 октомври 2022(2022-10-16) (возр. 74)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Занимањеглумец
Активен период1971 - 2022
Познат(а) попо улогата во:
Солунски патрдии
Тврдокорни
Претежно ведро
Македонски народни приказни
Викенд на мртовци
Нели ти реков
Јужна патека
Бардо
РодниниКрсте Гермов - Шаќир - дедо Огнен Јанески - внук

Марин Бабиќ (24 октомври 1947 Белград - 16 октомври 2022 Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Марин Бабиќ во 1971 година дипломирал на Театарската Академија во Софија и истата година се вработил во Драмски Театар Скопје, каде го поминува целиот свој работен век. Учествувал во бројни и значајни улоги во бројни претстави не само во Драмскиот театар, туку и во други театри и проекти.[1]

Запаметен е по бројните и значајни улоги не само во својата матична куќа, туку и во други театри и проекти. Позначајни улоги има во претставите: „Болен Дојчин“, „Лиза, Лиза“, „Свадба“, „Учени жени“, „Собирен центар“, „Бура“, „Вообразениот болен“, „Злостори на срцето“, “Најголемиот подвиг на витезот Сукало“, „Ивона кнегиња бургундска“, „Солунски патрдии“; „Рибарски караници“, „Косанчиќев венец бр. 7“, „Хаос зад кулиси“, „Викенд на мртовци“, „Ноќ спроти Водици“, „Зојкиниот стан“, „Смртта на Дантон“, „Стапица“, „Сказна за времето“, „Сили во воздухот“, „Самоубиец“, „Балконот“, „Не сега драга…“, „Прости дарови“, „Амадеус“, „Дедо Мраз и Феферона“, „Заводникот од западниот свет“, „Словенскиот ковчег“, „Платонов“, „Ферхад и Ширин“, „Демонот од Дебар Маало“.

Неговата актерска кариера ја одбележуваат и бројни филмски и ТВ улоги: „Бушава азбука“, „Наши години“, „Оловна бригада“, „Јад“, „Нели ти реков“, „Доротеј“, „Јужна патека“, „Тетовирани души“, „Претежно ведро“, „Училиште за кловнови“, „Збогум на 20. век“ и многу други. Во културната колективна меморија засекогаш останал неговиот Јашар бег во театарската претстава „Солунски патрдии“, но и по репликата која стана урбана фраза на многу луѓе – „Ово нема ни у Београду!“, од претставата „Викенд на мртовци“.

Повозрасните генерации сé уште со носталгија се сеќаваат на неговата култна Ноќна програма на Радио Скопје. Радио кариерата ја заокружи со популарната радио-емисија за готвење во некогашниот радио Равел. Бабиќ бил идеен творец на култната манифестација „Глумците пеат“ и на поетскиот серијал „Бебули“, каде ги имаше неговите маестрални интерпретации на современата македонска и странска поезија. Во 2023 година во негова чест повторно се враќа манифестацијата "Глумците пеат", кои ја организираа неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ.

Театарски претстави

[уреди | уреди извор]
  • "Глумците пеат"

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Бабиќ има остварено бројни филмски улоги:[2]

Филмографија на глумецот Марин Бабиќ
Год.НазивУлога

|- style="background: Lavender; text-align:center; "

1970-ти
1975Јад ТВ-филм/
1977Нели ти реков ТВ-филм/
1978Сеќерна приказни ТВ-филм
1979Наши години ТВ-серијаМиле
1980-ти
1980Оловна бригада ТВ-филм/
1981Црвениот коњ ТВ-филм/
1981Доротеј ТВ-филм/
1982Јужна патека ТВ-филмДанчо
1982Илинден ТВ-серијаКемал Ефенди
1984Нели ти реков ТВ-филм/
1985Јазол ТВ-филм/
1985Бушава азбука ТВ-серија/
1985Тетовирани души ТВ-филм
1986Солунски патрдии ТВ-серијаБожин
1987Претежно ведро ТВ-серијаПанко Јовановски
1987Училиште за кловнови ТВ-серијаМаки
1987Театарче лево ќоше ТВ-филм
1988Викенд на мртовци ТВ-серијаСвадбар
1990-ти
1990Викенд на мртовци ТВ-филмСвадбар
1991Македонија може ТВ-серија/
1991Во кафулето кај Гане ТВ-филмГенерал Тринкен
1992Тврдокорни ТВ-серијаАгата
1992Сили во воздухот ТВ-филм/
1992Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија
1998Збогум на 20-тиот век ТВ-серија/
2000-ти
2003Волци ТВ-филм
2008Куќен совет ТВ-серија
2010-ти
2012Бардо Краток филмПриест
2012-2016Македонски народни приказни ТВ-серија
2020-ти
2022Македонски народни приказни ТВ-серија
2022Куќен притвор ТВ-серијаСтево
2022-2023Бистра вода ТВ-серија
2023Црвениот поет ТВ-серијаПроф. Јован Радониќ
  1. „Биографија на глумецот Марин Бабиќ“. Платформа.мк. Посетено на 29 јануари 2025.
  2. „Marin Babic“. IMDb. Посетено на 23 јануари 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

https://sdk.mk/index.php/kultura/pochina-akterot-marin-babik/