Прејди на содржината

Лилјана Велјанова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лилјана Велјанова
Роден(а)22 јуни 1950(1950-06-22)(75 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
НационалностМакедонка
Занимањеглумица
Активен период1973 - денес

Лилјана Велјанова (Скопје, 22 јуни 1950 ) — македонска глумица.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Дипломирала на Вишата музичка школа во Скопје, отсек за драмски глумци (1975). Од 1973 г. е член на Драмскиот театар во Скопје. Се одликува со глумечки сензибилитет и со строго индивидуален пристап. Улоги: Сара („Диво месо”); Мајката („Хај-фај”); Сара („Сара Бернар”); Катерина („Р”); („Еригон”); Змија („Словенски ковчег”); Малвина („Европа”); Ирма („Балконот”); Џин Хортон („Квартат“); Елзе („Фестен“). Таа покрај нејзиниот матичен театар Драмски театар, гостувала и во други театри во Македонија, и во Македонски народен театар во Скопје.

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1977Итар Пејо ТВ-серија
1979Наши години ТВ-серијаДеса
1981Лет во место ТВ-филмЕлена
1981Првите цутови ТВ-филм
1982Јагне на ражен ТВ-филмБилјана
1983Записник ТВ-филм
1984Диво месо ТВ-филмСара
1985На наш начин ТВ-серија
1986Солунски патрдии ТВ-серија
1988Скопски сновиденија ТВ-филм
1988Викенд на мртовци ТВ-филм
1991Болва в' уво ТВ-филм
1997Истрели во сонот на Марија ТВ-филм
1998Збогум на 20-тиот век ТВ-филмСопругата
2005Ти си жива ТВ-филмМајката
2006Тајната книга ТВ-филмФранцузинка
2013Балканот не е мртов ТВ-филмСопругата на конзулот
2017Исцелител ТВ-филмРада
2020Мојот Драмски ТВ-серија
2023Бистра вода ТВ-серијаСоседка

Театарски претстави

[уреди | уреди извор]
  • Награда „13 Ноември“ (2000)
  • Награда за време на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, за улогата на ликот Попова во претставата „Крчма крај патот“ (2001)
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Велјанова“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)