Прејди на содржината

Тајната книга

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Тајната книга“
плакат од филмот
РежисерВладо Цветановски
ПродуцентКТВ Медија
Димитар Николов
СценаристЈордан Плевнеш
Љубе Цветановски
Главни улогиТјери Фремон
Жан-Клод Кариер
Владо Јовановски
Мето Јовановски
Ѓорѓи Јолевски
Лабина Митевска
Трајче Иваноски
Лилјана Велјанова
Александар Чамински
Кирил Ристоски
Петар Темелковски
Владимир Светиев
Петар Мирчевски
Премиера2006
Времетраење93 минути
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
француски

Тајната книгамакедонски филм во холандско-француска заедничка продукција[1] во режија на Владо Цветановски, а по сценарио на Јордан Плевнеш и Љубе Цветановски. Тјери Фремон, Жан-Клод Кариер, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Ѓорѓи Јолевски и Лабина Митевска се јавуваат во главните улоги. Снимањето на филмот започнало во 2002 година, а претпремиерата ја има четири години подоцна[2].

Содржина

[уреди | уреди извор]

Приказната за филмот е заснована врз потрагата по „Тајната книга“, книга напишана на глаголско писмо. „Тајната книга“ се претпоставува дека ги содржи основите на богомилското верување, познато исто така и како катарство. Богомилите, прогонувани од страна на црквата, ја напуштаат нивната татковина и почнуваат да се селат кон северозапад, ширејќи го нивниот начин на живот и размислување секаде каде што оделе и преку Босна, Далмација, северна Италија, стигнуваат до југот на Франција, каде што тие (познати како катари) ја создаваат својата нова татковина.

Локации на снимањето

[уреди | уреди извор]

Снимањето на филмот минува низ три етапи, на различни локации, во согласност со барањата на приказната:

Глумци кои дале нивен особен печат на овој филм кој бил подготвен и снимен од страна на широка меѓународна екипа.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Падна првата клапа на „Тајната книга". А1 телевизија. Посетено на 2008-09-15.
  2. Александра Бубевска. „Претпремиерно беше прикажан „Тајната книга". А1 телевизија. Посетено на 2008-09-15.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]