Бајруш Мјаку

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бајруш Мјаку
Бајруш Мијаку.jpg
Роден 1952
Качаник
Занимање глумец и режисер

Бајруш Мјаку (албански: Bajrush Mjaku; род. во Качаник, 1952) — македонски глумец и режисер.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Мјаку е роден во Качаник, Косово во 1952 година. Во средината на шеесеттите доаѓа во Скопје и тука завршува Гимназија во „Зеф Љуш Марку“. Уште како средношколец почнува да статира и да игра некои улоги во тогашната Албанска драма, при Малцинскиот театар. Во Приштина студирал драмска уметност при Вишата педагошка школа. Професионален глумец станува од 1973 година. Во 2014 година е добитник на наградата Ристо Шишков за најдобар глумец.[2] Во 2019 година ја добива наградата за животно дело "Војдан Чернодрински".

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1978 Рропулари ТВ-филм
1980 Учителот ТВ-филм
1986 Солунски патрдии ТВ-серија
1987-1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Гани
1988 Љубов цвеќиња ТВ-филм
1990 Миџени ТВ-филм
1991 Кула ТВ-филм Сејмени
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-серија Мемла Беј
1993 Светло сиво ТВ-филм Божидар
1996 Самоуништување ТВ-филм Шеф на кафана
1997 Вујко Вања ТВ-филм Михаил
2001 Одмазда ТВ-филм Агим ага
2002 Наше маало ТВ-серија
2004 Илузија ТВ-филм
2006 Анатема ТВ-филм Стојан
2007 Блодсбенд ТВ-филм Вулкан
2009 Гранични магариња ТВ-филм
2010 Чирачи ТВ-филм
2012 Агнус деи ТВ-филм Татко на Стојан
2016 Тутунарот ТВ-филм Гани
2019 Господ постои, името и е Петрунија ТВ-филм Обвинителот
2021 Јули ТВ-филм Хасан
2022 Скриени ТВ-филм Таткото на Нора
2023 Софија ТВ-филм Дедото

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 40 ГОДИНИ НА СЦЕНА: АКТЕРОТ СИ Е АКТЕР ... ИЛИ САМО БАЈРУШ МЈАКУ - ДР СТОКМАН ВО НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ[мртва врска]
  2. Бајруш Мјаку е лауреат на 22 издание на фестивалот „Ристо Шишков". Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-09-13.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]