Златко Митрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златко Митрески
Роден(а)Златко Митрески
Занимањеглумец, театарски композитор

Златко Митрески (р. 11 мај 1981 во Скопје) — македонски театарски и филмски глумец, кој моментно работи во Драмскиот театар во Скопје.

Животопис[уреди | уреди извор]

Митрески е роден во 1981 г. во Скопје.[1] По завршувањето на основното училиште (1989-1996), продолжува со средното образование во „Димитар Влахов“, кое го посетувал од 1997 до 2001 г. Во 2002 г. се запишал на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија (НАТФИЗ). Додека живеел во Софија, исполнувал разни улоги во театарот „Софија“ и Државниот сатиричен тетар „Алеко Константинов“ од бугарски и странски автори, како дипломски изведби во учебниот театар при самата академија. Во 2004 г. ја добил првата филмска улога во краткото остварување „Клаустрофобија“ (Клаустрофобия) од Чавдар Чернев[1], а во 2005 и првата долгометражна улога, во бугарско-турскиот филм „Украдени очи“ (Откраднати очи) во режија на Радослав Спасов. Академијата ја завршил во 2006 г. и продолжил да исполнува улоги во престолнината и други градови низ бугарија како Ловеч и Габрово, а подоцна и во Ќустендил.

Во 2008 и 2009 г. се дообразувал и на Маѓународната театерска академија во Москва, каде настапувал во „На Страстном“ при уметничките раководители Александар Калјагин и Лав Додин.[1]

По враќањето во Македонија, настапувал во Младинскиот културен центар во Скопје (2010), Народниот театар во Охрид (2011), Универзалната сала (2012) во Скопје. Во 2013 г. почнал редовно да настапува во Драмскиот театар во Скопје. Во 2011 г. ја остварил првата филмска улога во Македонија во „Ова не е американски филм“ од Сашо Павловски.

Театрографија[уреди | уреди извор]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филмографија на глумецот Златко Митрески
Год. Назив Улога
2010-ти
2011 Ова не е американски филм ТВ филм The Bold
2019 Преспав ТВ серија Гостинот
2019 Фамилијата Марковски ТВ серија Горан
2020-ти
2023 Бистра вода ТВ-серија Кузман
2023 Шега ТВ филм Татко на Надиа

Награди[уреди | уреди извор]

  • Прва награда на V Отворен филмски фестивал во Санкт Петербург, Русија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Златко Митрески“. Ансамбл. Драмски театар - Скопје. Посетено на 6 мај 2016.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]